јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Како до поголема интернет продажба

Објавено на од

Собирањето видеа за производи на една страна и додавање на препораки во делот за детали на производите и социјалните медиуми може да води кон зголемување на продажбата на онлајн трговците.

Некои експерти во индустријата на е-трговијата веруваат дека видеата во кои се опишуваат и претставуваат производи навистина ги зголемуваат стапките на конверзија и продажба, можеби затоа што во одредени ситуации и за одредени производи поефективен е начинот на претставување на производот преку видео, отколку преку фотографија или текст.

Како успешен пример се нагласуваат шесте специфични случаеви на онлајн трговци – меѓу кои се Ariat и Zappos, кои успешно ги зголемиле продажбите на своите производи притоа промовирајќи ги на своите веб страни, користејќи видеа.

Дополнително, Карла Маршал (новинар во ReelSEO), напоменува дека ¾ од потрошувачите веруваат дека видеата им влијаат при онлајн купувањето. По изведениот прашалник таа додава дека 96% од анкетираните рекле дека видеата помагаат при фазата на одлучување во процесот на онлајн купувањето.

Оптимизација на видеата со производи за поголема продажна конверзија

Иако стратегијата со претставување производи преку видеа се покажала како ефективна, сепак некои производи остваруваат поголеми ефекти во однос на продажбата отколку другите.

Jon Spenceley, маркетинг менаџер во Vidyard – платформа за маркетинг и видео хостинг, претставува три совети кои би им помогнале на онлајн трговците паметно да ги искористат видеата и резултатите кои би произлегле од нив.

Направете оддел за видеа на вашата веб страна

“Собирањето на сите видеа со производи на една централна локација ќе им помогне на потенцијалните купувачи полесно да се снаоѓаат во морето на информации и содржина која ја нудите на вашата веб страна. Вие сеуште може да ги прикажувате видеата на индивидуални страници за е-трговија, но погрижете се целата колекција на видеа да постои на едно место.” – вели Spenceley.

Колекциите со видеа за производи може да бидат присутни на повеќе места. Според препорака на Spenceley, онлајн трговците може да посветат одреден оддел за видеа на веб страната на компанијата. Офлајн и онлајн трговците од Toys”R”Us имаат поставено видео галерија која ги здружува сите видеа со производи на едно место.

 

 

Видео колекции исто така може да се агрегираат и на страни како YouTube. Интересен пример за успешна видео стратегија на  YouTube e Williams – Sonoma, компанија која има повеќе од 20,000 претплатници на својот канал. Овој канал ги содржи истите видеа со производи кои се наоѓаат и на официјалната веб страна на компанијата, во делот за детали на производите.

 

Вклучете  “Повик-на-акција” во видеата

“Користете техники за повик на акција за време и по истекувањето на видеото се со цел да ги натерате гледачите да го купат производот. Доколку некој веќе завршил со гледање на вашето видео, оддржувајте ја атмосферата на загреаност и натерајте ги да купат додека сеуште нивното внимание е свртено кон вас.” – вели Spenceley.

Трговците често веруваат дека со самото поставување на видеото со производ во делот за детали на производот автоматски се поставува функцијата  и ефектот на “повик-на-акција”, меѓутоа доколку видеата се наоѓаат на друга платформа која не е поврзана со официјалната веб страна на компанијата, тогаш потребно е да се преземат одредени мерки кои ќе водат до извршување на акцијата купување.

Повиците за акција може да се применат на неколку различни начини. Содржината на видеото може само да имплицира на повик за купување или пак во видеото да биде вклучен краток мотивациски говор наречен pitch. Во продолжение следи пример на видео за производ наречен Poo-pourri тоалетен спреј. На 53-тата секунда во видеото ќе се појави порака “Купете веднаш”.

 

Уште едно Poo-pourri видео во кое детално е објаснет начинот на користење на производот, вклучувајќи правоаголник кој се појавува во текот на видеото и содржи линк на кој може да се купи производот.

 

 

Користете коментари и препораки за производот и услугите

“Видеата со препораки може да остварат голем позитивен ефект кај потенцијалните купувачи со што тие би им покажале што производите може да направат за нив. Пробајте да снимите/сликате среќни купувачи кои со задоволство би го споделиле своето искуство. ” – вели Spenceley.

Искрените видеа со препораки се најдобриот начин за дознавање на задоволството на купувачите, затоа што потенцијалните купувачи добиваат шанса да видат вистинска личност, а не продавница, која им кажува колку добро функционира производот или колку добро било нивното искуство. Како пример, погледнете го видеото на страната за детали на производи на Amazon, конкретно за TouchSmart Laptop. Ова видео вклучува неколку препораки од купувачи, преземени од заедницата која се нарекува Expo video opinion community.

 

Трговците може да соберат видеа со препораки од лојални купувачи преку посебни молби на социјалните медиуми или пак од самите производители.

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен