јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Како опцијата Unsubscribe на Gmail може да му помогне на Email маркетингот

Објавено на од

Минатиот месец, Google започна со поставување јасно видлив линк кој ја нуди опцијата за unsubscribe на отворени пораки на Gmail, а им овозможува на корисниците брз и лесен начин за ослободување од непосакуваните мејлови. Овој нов линк може да помогне во подобрување на стапките на испорака на услугите и содржината на пораките.

Иако email маркетерите сакаат да имаат огромна листа на претплатници, сепак често е подобро да се има неколку активни корисници на листата отколку голем број на незаинтересирани луѓе. 



Алтернатива на пријавување spam

Инженерот Matthew Grove од MailChimp на блогот на својата компанија напишал: “Според мене, луѓето кои се жалат од spam имаат поголема моќ да ја уништат испорачливоста на компаниите, додека оние што се служат со опцијата unsubscribe не претставуваат опасност. “

Тој понатаму продолжува: “Начинот на кој претплатниците се ослободуваат може да предизвика големи последици, затоа што Gmail ја прегледува изминатата ангажираност кога сака да ги подреди мејловите според приоритет. Доколку сакате да го мотивирате Gmail да ги праќа вашите кампањи во инбокс, пробајте да ги избегнете ниските стапки на отворање и поплаките за spam, затоа што тие може да предизвикаат големи штети.”

Tom Sather, постар управник на еmail истражувањата во Return Path, исто така верува дека новата и појасна Gmail unsubscribe опција ќе им помогне на маркетерите да ги избегнат spam пријавите и да ја намалат испорачливоста која е поврзана со нив.

“Со тоа што им се нуди начин на претплатниците да се тргнат од листата без воопшто да се нервираат, се помали се шансите дека тие ќе обележат некој мејл како spam. Дополнително, доколку линкот е приложен како сигурен линк од страна на Gmail, тогаш поголеми се шансите дека претплатникот ќе кликне на линкот отколку да ги игнорира понатамошните пораки. И што е најважно, Gmail го користи прегледот на ангажираноста со цел да го организира подредувањето на пораките во инбокс кои ќе стигнат во иднина, што значи дека доколку се игнорираат пораките може да се предизвика поголема штета отоклку кога би се искористила опцијата unsubscribe.” 

Како за крај Sather во една статија на Marketing Land напишал: “Сума сумарум, ова е победничка стратегија за маркетерите и секој маркетер би требало да размисли за имплементирање на auto-unsubscribe опцијата, доколку тоа сеуште не го направил.” 

Како Gmail го додава линкот ‘Unsubscribe’ 

Gmail ги класифицира пораките кои пристигаат со цел да одлучи што да прави со нив. Дали пораките одат во spam? Дали пораките припаѓаат во инбокс или пак во некој од промотивните табови? Иако алгоритмите на Gmail се заштитени и постојано се менуваат, сепак познато е дека Google користи комбинација од автентичност, репутација и обврзаност за да одреди каде би требало да се прикажат email-marketing пораките. 

Една од работите за кои се грижи е тоа што им нуди начин на Gmail корисниците да се оттргнат од непосакуваните мејлови. Иако ова не е замена за unsubscribe линк на пораката, сепак маркетерите можат да додаваат информации за unsubscribe во хедерот кој гласи “List-Unsubscribe” до Gmail или email клиенти. Овој дел од хедерот не се прикажува на оние кои го примаат мејлот, но е видлив и споделен со соодветниот клиент. 

Доколку овој хедер постои и е солидно дефиниран, Google може да го прикаже својот линк за “unsubscribe” опцијата. Од Google јасно изјавиле дека нема да се дозволи овој линк да биде користен од страна на спамери кои сакаат да валидираат email адреси, така што само проверени испраќачи кои имаат добра репутација би ја имале можноста да го искористат “unsubscribe” линкот во нивните Gmail пораки. 

Не се работи за нова карактеристика кај мејловите 

Важно е да се напомене дека иако оваа опција за користење на unsubscribe линкот е нова за Gmail, сепак таа им е одамна позната на email клиентите. “Auto-unsubscribe” копчиња и линкови слични на оние имплементирани од страна на Gmail се појавувале веќе неколку години кај Microsoft email клиентите. 

Сепак Google и неговите производи од Gmail привлекуваат повеќе внимание со опцијата за auto-unsubscribe поради тоа што оваа карактеристика била претставена брзо по претставувањето на имплементацијата на табови на Gmail, за која некои маркетери веруваат дека имала големо влијание врз ефективноста на email маркетингот. 

Еmail сегментација 

Grove, Sather, како и инженерите во Google кои го додадоа новиот “unsubscribe” линк на Gmail, работат со ставот дека е подобро да се испратат неколку мејлови на позаинтересираните претплатници, отколку да гласно да се “вика” кон незаинтересираната јавност. 

Овој начин е всушност форма на email сегментација или сегментација на корисници, чија идеја е да се поделат релативно големи листи на таргетирани корисници на основа на нивното однесување, демографски податоци и слично. 

Сегментација на корисници може да претставува пообемна работа за маркетери кои имаат потреба од прибирање и анализа на податоци за правилно сегментирање, но исто така доведува и до подобри резултати. 

Curt Keller, основачот на Benchmark Email, убаво ја објаснил сегментацијата на email корисници во една статија од 2011, која оригинално го носи името “Segmenting Email Lists for 2012”

Keller го поставил следното прашање во својата статија: ”Доколку би купувале телевизиски спотови за пивото Coors Light Beer, дали би одлучиле вашите реклами да се појавуваат за време на детстката програма Dora The Explorer или за време на Ultimate Fighter Championship Cage Match? 

“Тогаш зошто како email маркетер би сакале да ги подготвите и испратите точно истите е-билтени до сите претплатници на вашата листа, без оглед на нивното годиште, пол или претходно однесување ”, додал Keller. 

Доколку однапред се размислува за тоа кои претплатници треба да примат одреден email, тогаш би се подобрил email маркетингот и “unsubscribe” линкот на Gmail би бил одличен нов механизам за да се научи нешто во врска со тоа колку добро еmail маркетинг пораките функционираат во врска со нивните примачи.

За сегментација постои функционалност SmartMailer за таргетирано праќање на е-маил. За да користите SmartMailer треба да сте корисник на Store

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен