јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

5 чекори за поголема продажба со блог

Објавено на од

Зголемувањето на популарноста на социјалните медиуми ја зголемува веројатноста за подобра комуникација со поголем број на корисници и потенцијални купувачи.

Социјалните медиуми се корисни за зголемување на свесноста на интернет публиката за вашиот бренд и за таргетирање на вашите купувачи.

pisuvanje na blog i dnevnik

1.Таргетирање на купувачите со содржини

Еден од начините со кои може да ги таргетирате вашите купувачи е нивната едукација за вашиот бренд и производи. Блог страните се едни од најдобрите канали преку кои можете да добиете таргетирани купувачи. Колку подобро се оптимизирани вашите блог страни и колку повеќе генерираат релевантни посети за вашата категорија на производи толку повеќе се зголемува можноста за посета на вашиот веб сајт. Прилагодете ја темата на која го пишувате постот според специфични периоди во годината и за одредена група на купувачи (пр: празнични постови со продукти, подароци за роденден, свадби итн).

2.Пребарување преку клучни зборови

Пред да се почне со пишувањето на написот добро е да направите истражување за тоа кои зборови се најпребарувани според темата за која сакате да пишувате. Најлесен начин да го направите тоа е со Google Adwords. Изберете ги тие кои имаат висок ранг, а истовремено не се користени од страна на Вашите конкуренти.

3. Рејтинг на страната 

Рејтингот на страната зависи од тоа каква соджина се користи при самото пишување на блог написот. Потребно е да се пишуваат написи со релевантни содржини од категоријата на производи кои ги продава трговецот.

4. Промоција на производи преку блог пост

Преку ваш сопствен блог можете да си ги промовирате производите кои ги продавате на интернет. Со пакетите на Трговски центар Store добивате веб продавница со интегриран блог.

5.Начини на комуникација

Комуникацијата на социјалните медиуми треба е комбинирана со:

  • споделување на блог постови релевантни за вашите продоизводи или услуги
  • промоција на вашите производи (со искомуницирана вредност за нив)
  • интеракција на самите блог страни зависи за рангот на вашата продавница , колку повеќе коментари и интеракција има толку повеќе се зголемува рангот на продавницата со интегриран блог

Постојат повеќе бесплатни блог пларформи:

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен