јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Како до веб продавница со минимум ИТ трошоци?

Објавено на од

Благодарение на современите алатки и платформи за интернет трговија, веќе одамна не е голем предизвик да се отвори и управува веб продавница. Тој тренд веќе две години е присутен и во Македонија преку сервисот за интернет продавници на Трговски центар, а свесноста кај трговците за овие можности е се поголема.

Освен поедноставувањето и забрзувањето на процесот за отпочнување со интернет продажба, многу важен фактор е намалувањето на трошоците, особено во почетокот кога приходите се неизвесни. Доколку не се внимава при отпочнувањето со е-трговија, трошокот за софтвер, хостирање и други ИТ услуги знае да биде огромен. А понатаму во работата одржувањето, промените, хостирањето и надградбата на една веб продавница може да се генерира неодржливи ИТ трошоци.

Да видиме кои се навистина можностите за намалување на ИТ трошоците при интернет продажбата.  Ќе разгледаме една пресметка која ќе ни ја илустрира разликата помеѓу стариот и новиот начин за креирање и управување веб продавница. Во пресметката нема да ги наведам ставките кои се исти.

Олд скул пристап за веб продавница

Принципот кој веќе е редок во поразвиените држави, според кој се изработува и конфигурира посебно софтверско решение и се хостира на дедициран или виртуелен сервер. Во недостиг на подобар назив, да го викаме „олд скул“. Во обезбедувањето на ИТ услугите ќе претпоставам дека се користат надворешни услуги, наспротив интерно вработени.

Трошок за имплементација:

  • Изработка веб сајт со интернет продажба: 1500 Евра до 5.000 Евра
  • Системска инсталација и конфигурирање: 100 Евра

Вкупна инвестиција во ИТ: ~ 2000 Eвра

Оперативен трошок:

  • Хостирање со ИП адреса: 10+ Евра/мес
  • Техничко одржување на сајт со трговија: 100 Евра/мес

Вкупен оперативен трошок за ИТ: 110 Евра/месечно

Вкупен тригодишен трошок за ИТ: 2000 + 3960 = 5960 Евра

како до веб продавница

Хостиран сервис за веб продажба

Ова е современиот принцип на отпочнување и водење на интернет продажба, кој ја користи придобивката на SaaS или хостирана апликација за е-трговија. Веќе и најголемите компании од Америка и Западна Европа го користат овој пристап, благодарение на решенијата од BigCommerce, Oracle/ATGHybris, Magento go, или познатиот WebStore Amazon. За македонски прилики ќе пресметаме според цените на сервисот на Трговски центар, конкретно за пакетот Профи кој освен ИТ алатките нуди голем број на дополнителни услуги.

Трошок за имплементација:

  • Изработка на веб сајт: 0 Евра
  • Визуелно прилагодување: 100 Евра

Вкупна инвестиција: 100 Евра

Оперативен трошок:

  • Месечна претплата за сервисот - Профи пакет: 35 Евра

Вкупен оперативен трошок за ИТ:  35 Евра

Вкупен тригодишен трошок за ИТ: 100 + 1260 = 1360 Евра

Разликата од 4600 Евра за трогодишно функционирање е драматична.

Најава

За да се оствари целосниот потенцијал на хостираниот сервис за интернет продажба со целата заштеда која им ја носи на корисниците, клучна е едноставната употребливост на ИТ алатките кои ги обезбедува. Неопходно е самите корисници, кои ќе претпоставиме дека се лаици за ИТ, да бидат во состојба самостојно да управуваат со веб страните, каталогот и техничките аспекти на продажбата. Поради ова изминатиот период напорно работевме на подобрување и редизајнирање на алатките со цел да направиме баланс помеѓу поголема функционалност и употребливост. Се угледуваме на некои од најуспешните светски сервиси од тој тип, но воведуваме наши коренити подобрувања во управувањето со изгледот и содржините на веб продавниците.

Засега само можам да кажам дека резултатот ќе биде достапен наскоро, а оние кои ја следат приказната на Ицко Е-бизнисмен ќе дознаат најпрви.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање