јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Како до поголем број на купувачи

Објавено на од

Виртуелната комуникација е клучен сегмент за поврзување со новата генерација на потрошувачи.НовБара повеќе посветеност,персонализираност и начини за директен контакт.Секој производ може да добие глобално маркетирање со правилно користење на дигиталните алатки.

 

Социјалните медиуми се екстремно моќно средство за генерирање на потенцијани клиенти,но при тоа треба да станат вашата основна алатка за комуникација.Ова значи дека тие се местата каде што вие дистрибуирате содржини за вашите производи или услуги  и спроведувате стратегии со кои би допреле до нив.

 1.Facebook

 

 

Facobook представува една од најголемите социјални мрежи каде на едно место можат да се најдат милионски потенцијални купувачи на вашиот продукт.Нуди безброј можности за промоција ,креирање на Fan Page каде што ќе можете да бидете во директен контакт со вашите клиенти,да комуницирате со нив и да развивате дискусии во врска со вашите понуди.

Facebook ad е реклама со која можете да : зголемите број на посети или да соберет повеќе луѓе кои ќе ве следат.Ова представува одлична можност да ја испормовирате вашата компанија со мали трошоци и да се поврзете со други мали и големи компании,а воедно и пред голем број на клиенти.

 2.Twiter

Уште една многу успешна иновација на 21 век со можности за промовирање на вашиот бизнис.Преку објави на слики ,видеа,статуси и директни линкови до вашата веб старана или пак блог Twiter ве поврзува со сите негови корисници.Практичен,едноставен за рекламирање и премногу функионален Twiter,стана основа на секоја компанија која сака современа промоција.

 

3.LinkedIn

Една од најголемите професионални платформи каде сите бизнис компании и бизнисмени се поврзани меѓу себе.Овој социјален медиум е B2B ориентиран односно доколку барате сериозни и високо квалитетни купувачи можете со сигурност да ги пронајдете тука.Преку креирање на сопствени профили вие веќе сте дел од големата социјална бизнис мрежа.

 

4.Instagram

 

Доколку сакате вашата компанија да ја представите на сликовит начин,ова би било идеалниот избор за вас.Инстаграм стана премногу популарен меѓу младите луѓе,а воедно и меѓу компаниите кои сакаат на направат своја галерија од слики.Според најновите истражување се докажа дека луѓето се повеке сакаат да гледаат слики и видеа наместо да читаат текстови,затоа направете свој избор на слики на кои потрошувачите ќе можат да даваат нивно мислење.

5.Google+

Со оглед на тоа дека Google е најголемиот пребарувач во светот тие создадоа и свој социјален медиум кој функционира на сличен начин како и Facebook.Предноста што ја има Google+ е во неговата подреденост,професионалност и едноставност.Преку свој профил каде што може да се објавуваат слики,видеа,статуси и да се следат објавите на другите клиенти кои се од голема важност за вас,вие ке можете да ја рекламирате вашата компанија.

Сите овие социјални медиуми ви нудат можност да ги измерите посетите на вашите страни и да откриете за што најмногу се заинтересирани посетителите.Доколку сакате да си направите ваша веб старана со блог целосно бесплатно посетете го овој линк http://www.webdesigner.mk/

Има можност и за формирање на клон страни со кои најлесно можете да го измерите дизајнот или моделот на кои потрошувачите имаат најпозитивен feedback.

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен