јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

5 начини за попаметно работење

Објавено на од

Напорното работење може да биде тешко за многумина. Честопати е тешко да се најде слободно време во текот на неделата или пак за викендите и да се престане со размислување за работата. Еве неколку начини кои помагаат во поглед на паметното наспроти напорното работење:

 

1. Лимитирање на листата на обврски

Една од најспротивните но и ефективни методи за зголемување на продуктивноста е лимитирањето на листата на обврски односно лимитирање на тоа колкав број на обврски се наоѓаат во неа.

Еден од начините за постигнување на ова е со одбирање на една до три најважни обврски. Ова се обично тешки задачи кои бараат внимание и мора да бидат извршени. Оние задачи кои остануваат на работното место или по вечерата се обично оние кои остануваат за следните денови. Затоа потребно е истите да бидат извршени како прва работа изутрина, било дали е тоа дома или на работното место. Доколку се остават за понатаму, честопати времето нема да оди во корист. Затоа треба да се избегнат одеднаш, со приоритетно извршување, а останатото време оди во корист за задачите за кои не е потребно големо залагање.

Планирање на работите однапред

Корисен совет за извршување на задачите е и запишувањето на истите вечерта пред извршувањето. Планирањето на денот доцна во ноќта резултира со потежок сон. Затоа, пишувањето на to-do листата предвреме помага за опуштање и полесен сон, и е подобра отколку бесцелното трошење на времето.

Фокус на сегашниот ден

Одличен начин за промена на активностите е делење на истите на оние кои треба да се извршат дента и оние кои не мора да бидат извршени во моментот. Обично работите кои стојат во to-do листата подолго се работи кои се одложуваат. Сепак, тие на некој начин додаваат “товар” на листата и придонесуваат за понатамошни грижи, како и поголема зафатеност за тогашниот ден. Затоа, треба да се направи голема листа на сите претстојни активности и истата да се сортира за задачи кои треба да се извршат: дента, во тековната недела, и во подолг временски период.

 

 

2. Mерете ги резултатите, а не времето

Целата идеја на паметното работење наспроти напорното се состои во проблемот кој што многумина го имаат, а тоа е извршувањето на активностите подолго време. Треба да се најде начин и методи да се биде попродуктивен во помал распон на време. Еден од начините за ова е да се измери продуктивноста.

Доколку се работи на големи проекти или задачи кои мора да се извршат, одличен начин за почеток е поделба на задачите во секции. На пример, оваа обична блог-објава е објавена во секции како: пишување на текст (главна секција), ставање на слики (понатамошна секција), креирање наслови и додавање корисни линкови (крајна секција).

 

Со групирање на работата на помали секции кои се во склоп на голем проект, може да се комплетира што е изработено секој ден, и покрај тоа што за целиот проект е потребно повеќе време. Се добива убаво чувство за комплетирање на одредената задача, дури и да била премногу мала. Исто така, овој метод помага да се одржи стабилноста во реализирањето на проектот и да се продолжи понатаму низ целиот процес.

Уште еден корисен начин за секојдневно мерење на работниот процес е одржување на “листа на извршени задачи”, што е всушност дневник на дневни извршени активности. Доколку започнете со користење на секојдневна листа, ќе се изненадите од тоа колку помотивирано ќе се чувствувате за работите кои ви се значајни.

 

3. Почеток на нова секојдневна рутина

Доколку не е познато што да се работи попрво, често се одложува се и се троши време изутрина. Продуктивноста е можеби присутна, но не се знае од каде да се почне. Еден начин да се олесни работата е започнување на нова секојдневна рутина која што му кажува на мозокот и телото дека е време за работа.

Рутината може да биде нешто едноставно како на пример дневна промена или консумирање на кафе изутрина. Исто така, може да биде и проверка на омилените портали или преглед на дневниот весник. Штом оваа рутина заврши, активното работење може да започне, а со тоа и продуктивноста е на највисоко ниво.

Постојат голем број на рутини кои се извршувани од успешни луѓе за стимулирање на продуктивноста. Случаи се и вежбањето рано изутрина, истегнувањето на мускулите па дури и појадокот во омиленото место. Песните и плејлистите се исто така случај за мотивирање на мозочните клетки.

Викенд рутина

Иако можеби секојдневната работна рутина се запоставува за време на викендите, одржувањето на викенд-рутина е исто така важно. Потребно е таа да не биде многу различна од онаа во текот на неделата, со цел полесно одржување на целосната рутина и избегнување на запуштањето односно заборавањето на истата.

 

4. Следење на активностите на кои што се троши времето

Доколку борбата со продуктивноста владее кај вас, можеби промената на рутината е примамлива, како и пробата на нови решенија пред откривањето на вистинскиот проблем. Ова никогаш не води до трајно решение, меѓутоа помага при одржување на високо ниво на мотивација.

Првиот чекор во станувањето попродуктивен е откривањето на вистинските проблеми. При следењето на секојдневната утринска рутина може да се забележат работи на кои се троши драгоцено време како бирање облека или слично, кои може да се направат претходниот ден. Понатаму, следењето на тоа како се поминува времето во текот на денот и следењето на шеми може да биде од корист. Тука, алатка како RescueTime може да биде од помош. Facebook е место каде што најчесто се троши времето.

Откако е познато каде се троши времето, потребна е ефективна промена. На пример, доколку времето порано се трошело на посетување на омилените портали, сега тоа би можело да претставува рутина, но без преголемо потрошено време. На овој начин мозокот се задоволува со работите кои ги сака, но и се стимулира мотивираност за понатамошна работа. Автоматизацијата на овој процес може да биде од голема корист исто така (пример: Доколку и вашата рутина е преглед на омилените портали, ставете ги сите во Bookmarks табот. Ќе заштедите време!)

 

 

                                                            (RescueTime-алатка за идеален баланс меѓу работните и животните обврски)

 

5. Градење на навики кои помагаат за прекин на работата

Ова можеби звучи малку чудно, но навистина може да послужи. Некои луѓе патат од запирање на работата, наместо нејзин почеток. Понекогаш може да биде прелесно да се продолжи со работење уште некој час, или работењето да продолжи во доцните часови. Најлошата работа кај овие навики е тоа што не охрабруваат да ги оттргнеме омилените работи изутрина (односно секојдневната рутина), и со тоа уништување на процесот на продуктивност.

Има неколку начини да се помогне овој случај, односно да се остави работата за работното место. Доколку се започне со имплементација на овие навики, ќе се стимулира извршувањето на најважните задачи на почеток од денот наместо нивно одложување, и ќе се забележи огромна доза на продуктивност и чувсвтво на успех.

Прекин во клучен момент

Ова е пред се совет за писателите, но практично и за сите други. Многу познати писатели изјавиле дека прекинувањето во средината на реченицата остава простор за натамошна креативност и уште подобро продолжение на текстот. Прекинувањето во средината на реченицата исто така ствара мисловна креативност и потсвесно размислување за тоа како да се продолжи истата. Од друга страна, со завршувањето на реченицата е потешко да се започне нова, а е полесно да се остави или одложи работењето.

Планирање на активности по работното време

Планирањето на активности по работното време помага исто така. Пожелно е практикување на состанок, брз пијалок или фамилијарна посета после работното време. Мотивацијата што се добива од овие надворешни сили некогаш може да биде пресудна за работењето, најмногу заради тоа што времето се искористува за правење на работи кои ги сакате.

 


Креирање на релаксирачка рутина

Релаксирачката рутина помага во случаи кога работењето е стресно и претставува проблем и по работното време. Затоа, вежбањето или едноставно одењето пеш до дома може да биде клучна навика. Овој случај е познат како оладување од работата, односно претставува време кое мозокот го поминува во процес на транзиција од брза работна атмосфера до мирно опуштање и уживање во денот.

Рутината се состои во наоѓање на забавна активност после работното време. Овој пример може да се комбинира со примерот за активности после работното време, едноставно со состанување со пријател/и и споделување на дневното работно искуство. Доколку е присутна навиката за планирање на претстојниот ден во вечерните часови, ова може да биде одличен начин да се заврши работниот ден.

 

 

 Покрај сите наведени примери, има случаи каде што ниеден не може да биде од помош. Затоа, некои луѓе      местат аларм за прекин на работното време. Колку и да звучи смешно, слично е и како утринскиот аларм      кој  ве подготвува за работното време. Алармот може да биде ефективен начин за промена на рутината.

 

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен