јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Каде (ќе) муабетиме за онлајн купување?

Објавено на од

Знаеме кај нас колку е важен моментот на коментирање и разглабање на купеното, со фалење, давање препораки, стекнување статус или едноставно заради тепање време. Особено нашите припаднички на понежниот пол знаат и цели собиранки да посветат на таа тема. Тој сегмент веќе е вграден како дел од нашата култура. Но како изгледа сето тоа на Интернет?

Со воведувањето и развојот на интернет трговијата, се менува начинот на купување, но и начинот на дискусија и комуникација околу купувањето. Како што купувањето станува поавтоматизирано, подостапно и поефикасно, така и онлајн комуникацијата која го придружува добива слични карактеристики.

Рејтинг

Алатки и места за шопинг муабети

Новите интернет алатки за комуникација ни овможуваат дискусијата за купувањето да биде значително помоќна со поголема публика, побрзо ширење, подостапна и поедноставна. И што е најважно, таквата комуникација ја задржува најважната карактеристика - влијанието на личната препорака или мислење врз потенцијалните купувачи.

  • Тука се веќе сеприсутните социјални мрежи како Facebook, Myspace и Twitter. Таму знаеме дека се` има и се` проаѓа. Меѓу сите муабети и ситници, ќе се најде некој да се пофали за купеното или да праша за препорака. Редовно гледаме fail-ови и лајкови за некоја услуга или производ.

Креација на Трговски Центар, E-бизнис и во Македонија!

  • Покрај генеричките социјални мрежи, достапни се поефикасни специјализирани интернет алатки за оваа работа. Најпрво ги имаме системите за рејтинг и коментари од купувачи, вградени во поквалитетните портали за купување. Исклучително корисни алатки, и за купувачите и за трговците, особено ако се земат предвид резултатите од истражувањата.

Рејтинг на Амазон

  • Понатаму имаме специјализирани интернет алатки кои даваат квалитативен(споделувањето и наоѓањето информации е поефикасно) или квантитативен(обединуваат информации од голем број на сајтови) придонес во комуникацијата за купувањето. Некои се прераснати во егзотични шопинг платформи, со процес на купување фокусиран на социјалната интеракција меѓу купувачите.

Трендови

Освен статистиките од истражувањата, уште неколку факти укажуваат колку се важни муабетите на купувачите во сите нивни форми:

  • Google ја понуди опцијата „Богати извадоци“ (Rich snippets) пред една година. Очекувајте се почесто да ги гледате во резултатите на вашето пребарување. Иако има многу различни видови на податоци кои можат да се маркираат, корисничките мислења сигурно ќе бидат меѓу најважните. Освен тоа Google Product Search со Bazaarvoice започна да интегрира стримови на кориснички коментари од шопинг платформи.

Google rich snippets

  • Имаме пазар и компании фокусирани кон продажба на алатки кои на веб продавниците им ги овозможуваат различните форми на комуникација со и помеѓу корисниците, и тие информации да бидат споделени на што повеќе места. Значењето на овој пазар го препознаа и инвеститорите(во САД:)), па очекувајте наплив на компании со креативни идеи.
  • Огромните можности на Facebook за споделување и интеракција околу шопингот се повеќе се користат па и од самиот Facebook. Се поголем број на брендови вклучуваат различни шопинг апликации во својата презентација на FB. Имаме и платформи кои нудат едноставно отворање на Facebook продавници.
  • Фејсбук се интегрираше со Пејпал. Крај на програмата. :)

Дали преку влезот во социјалното купување Google и Facebook сакаат дел од колачот на интернет трговијата, кој(во САД) е околу 5 пати поголем од сегашниот нивен пазар, интернет огласите?

Да не ве замарам со повеќе факти, зошто и јас веќе се изморив филтрирајќи го морето од ресурси, „стартап“ компании, анализи и статистики на оваа тема. Направете едно просто Google пребарување за "social shopping", и ќе добиете 180 милиони резултати, за област која е актуелна во последниве неколку години. Тоа се нешто повеќе резултати од iPad и 70% повеќе од Blackberry. Џабе пишував толку, можев целиот пост да го соберам во претходниве две реченици :).

Како и да е, имам уште две прашања...Што последно си купивте онлајн? И колку звездички му давате на постов? :)

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање