јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Каде е иднината на е-трговијата?

Објавено на од

Како што покажува Џеф Безос, во моментов за е-трговијата нема граници, а со својата империја сега работи и на освојување на небото.  Меѓутоа она што го крена во височина е глобалното лидерство и иновации во базичната е-трговија. Но пазарот се развива со огромно темпо, кое го менува начинот на работа и живеење. Затоа во овој напис ги собравме актуелнте трендови ќе ја одредат насоката на е-трговијата, а некои од нив може да ги очекувате и кај нас:

Социјален локален и мобилен E-commerce

TESCO subway virtual store

Апсолутно прекрасна идеја на Tesco во пенетрирањето на човековите потреби и навики. Значи потребно е да имате smart phone и да немате време да одите во маркет и да чекате во долгите редици, нешто што во Кореа е значаен проблем. Погледнете го видеото:

EasyOwn.it

 

EasyOwn

EasyOwn  е независна социјална кошничка за купување која едноставно се интегрира во секој сајт и овозможува купување преку еден клик со вашите сметки  од социјалните медиуми. Креаторите на овој систем кажуваат дека е плаќањето е симплифицирано до степен да биде еднакво на кликање на Like копчето. Заради интеграцијата со социјалниот  график, овозможува поврзување на купувачките навики на вашите пријатели и многу прецизно таргетирање на производи. Проверете ги интересните детали овде.

 

 

Платформи Marketplace + PRaaS

Се повеќе се истакнува предноста на платформите кои интегрираат пазар со сервис за е-трговија кој ги содржи поголемиот број на процеси(Process as a service). Тука не може да не ги спомнеме:

- Амазон со својот fulfillment network каде што вели: Вие продавате, ние доставуваме. Кај нив ги чувате производите и тие се грижат да бидат доставени до Вашите купувачи. Вие си плаќате за тоа, се е интегрирано и имате чиста сметка долга љубов. Како функционира тоа клик овде. Секако ова си оди рака под рака со нивните web stores каде што всушност и се случува магијата т.е. трговијата.

- Неодминлив пример исто така е Ebay X commerce кој навистина ќе ве изненади. Го преставуваат како проект кој ќе ја редефинира иднината на електронската трговија каде што ги повикуваат сите од купувачи и бизниси до луѓе кои развиваат софтвер да се приклучат и да дадат свој придонес. Ова преставува нов прект на Ebay Inc. заедно со PayPal и Magento.  Дознајте повеќе овде.

- Трговски центар TC.mk - нашиот пример во Македонија
Интернет бизнис - интернет продавницаПрвиот комплетен сервис за Е-Трговија во Македонија. Значи платформа која ви нуди комплетен пакет услуги кој многу наскоро ќе добие нова светлина и очекувајте овде да изненадиме со нешто ново. Вашиот бизнис заслужува да добие можност за проширување и во сферата на интернетот каде што луѓето поминуваат се повеќе и повеќе време.

Ексклузивни Шопинг портали

- GILT
GiltШопинг платформа каде што секој ден, доколку станете член добивате ексклузивно право да купувате скапи производи со многу голем попуст. Фактички станувате дел од една VIP заедница за која познати брендови прават попусти во текот на денот. Повеќе информации можете да добиете овде.


- Thrillist

ThrillistУште една платформа која ви овозможува на маил да добивате секој ден извештај за попустите во градот на различни локации и во различни категории. Исто така можете да бидете известени за нови бизниси кои ќе се отвараат близу до Вас, какви услуги ќе нудат и тн. Повеќе информации можете да добиете овде.

Smarter commerce

Smartcommerce
IBM годинава излезе со нов проект со кој најавува револуција во начинот на кој што се изведуваат четирите процеси кои ги гледате на сликичката погоре. IBM со помош на експерти од различни области сака да создаде интегриран вредносен синџир во чија средина ќе биде поставен купувачот, а платформата која што сака да ја создаде ќе биде насочена токму кон секое движење и однесувањето на купувачот во интернет сферата. Повеќе за овој интересен зафат овде.

Следната генерација на e-commerce SaaS платформи

Во потрагата по повеќе корисници, употребливоста на алатките е клучна. Заради тоа се појавуваат се повеќе на платформи кои нудат сервис употреблив и за најголемите лаици во веб дизајн или е-трговија. Принципот „влечи-пушти“ и едноставните кориснички екрани се одлика на најдобрите:

 Платформа која е многу пријатна за користење и која олеснува многу процеси при изработката на Веб страна.

Weebly

  

Веб страната на shopify

Shopify

 Magento

Magento

Интегрирани хардверско-софтверски платформи

Сите сме сведоци на борбата помеѓу iPhone и Андроид уредите. Она што е главна предност на iPhone, освен неодоливата употребливост, e интегрираноста и оптимизираноста како платформа за купување и конзумирање на дигитални содржини. iPad и Kindle се исто-така дел од интегрирани хардверско-софтверски платформи за дистрибуција и конзумирање на содржина. По се изгледа тоа е иднината на тргувањето со дигиталните содржини. Се чини дека Amazon сепак предничи со нивната платформа базирана на технологија од облакот:

Преку Wired: споредба на двете водечки платформи за дистрибуција на содржини

Сигурно има трендови кои вие сте ги забележиле и доколку сметате дека некој требало да го вклучиме слободно пишете ни!

Многу е интересно што гледајќи ги сиве овие трендови зборовите на веќе покојниот Steve Jobs, покажуваат дека тој одамна ја предвиде иднината во интервјуто насловено „Steve Jobs: The Next Insanely Great Thing“ :

Wired: What other opportunities are out there?

Steve Jobs: Who do you think will be the main beneficiary of the Web? Who wins the most?

Wired: People who have something...

Steve: To sell!

Wired: To share.

Steve: To sell!

Wired: You mean publishing?

Steve: It's more than publishing. It's commerce. People are going to stop going to a lot of stores. And they're going to buy stuff over the Web!

Ако се водиме според неговите зборови и според сегашното ниво на користење на е-трговијата, јасно е дека на целиот пазар му претстои долгорочен развој пред да го достигне потенцијалот. Затоа сме на слатки маки во изборот кој сервис или функционалност да ги лансираме на пазарот...

to be continued...

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен