јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Истражување за интернет трговија

Објавено на од

Денеска присуствував на прес конференцијата по повод резултатите на истражувањето на New Moment во областа на интернет трговија.

Марјан Забрчанец од New Moment представи статистики кои општо се позитивни и охрабрувачки за пазарот и конкретно за Трговски центар. Важен момент за нас е дека кај сите има интерес и добра воља за купување и продавање на интернет, само потреба е поголема промоција и поголема понуда на производи.

Безбедноста како елемент постепено но сигурно ја апсолвираме. И  на тоа поле единствено недостига информирањето, додека техничките стандарди веќе се задоволени и се на светско ниво. Во оваа рана фаза безбедноста сеуште е во фокусот на вниманието, но веќе се чувствува постепеното стекнување доверба и префрлање на фокусот на пазарот кон други квалитативни придобивки.

Понатаму се разви и интересна дискусија меѓу присутните новинари и другите  двајца стручњаци од областа: Дарко Булдиоски и Филип Стојановски. Дискусијата направи добар пресек на состојбата во оваа област, опфаќајки ги досегашните пазарни резултати, отсуството на ПејПал, сигурноста, интернет маркетингот итн.

А сега повелете, најслатките податоци се содржат во питите од презентацијата:

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен