јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Интернет трговијата излезе од магла

Објавено на од

Во изминативе година и половина, колку што сум интензивно вклучен во интернет трговијата во Македонија, се случија многу позитивни нешта во нашата област кои беа пречекани со ентузијазам од корисниците и набљудувачите. Таквиот ентузијазам воопшто не изненадува, бидејќи сите знаеме колку ни недостасува разработен пазар за интернет трговија кој ќе ја подобри деловната клима и секојдневието на граѓаните.

Она што изненадува е дека истовремено во целиот тој период, а и пред него, се провлекуваат и штетни појави за оваа област, пред се неоснованото ширење страв и несигурност кај населението. Вчерашниот напис: Нова технологија - софистицирани криминалци во дневниот економски весник
Бизнис е повод за мојава реакција. Текстот се вклопува во штетните појави, и покрај намерата на авторот да информира:

Во последните неколку години, како алтернативен начин за заработување приходи се јавува употребата на фалсификувани кредитни картички. Организирани групи нелегално се здобиваат со податоците на сопствениците на кредитни картички, при што ги употребуваат за „печатење“ лажни картички, кои подоцна ги користат за подигање готовина од банкомат или ги користат за купување најразлични продукти од продавници.

Најпрво ова е стара вест, односно ваквите појави беа актуелни пред 5 години, додека сега има само ретки случаи кои експедитивно завршуваат во рацете на полицијата. Ги објавуваат во весник еднаш-два пати годишно. Значи не се работи за актуелен тренд од „последните неколку години“, туку тоа е стара појава којИнтернет трговијата излезе од маглаа веќе подолго време е под контрола и ефикасно сузбиена. Се сеќавам, пред десетина години имаше три деца (18-20 год.) во маало за кои се збореше дека скутерите си ги купиле на таков начин. Но, за некој месец ги стрпаа во затвор и ги имаше по весници. Запамтете го примеров, подолу ќе се метаморфозира во нешто многу страшно - „криминални групи“.

Понатаму застарените случаи на празнење на банкомати, авторот ги користи како отскочна даска за да се нурне во соседната област на интернет трговија. Очигледно занемарувајќи или не познавајќи ги моменталните технички предуслови и процедури во областа на сигурноста, авторот наведува:

Друг начин со кој криминалните групи можат да дојдат до потребните информации, е преку online плаќањата. Корисниците на кредитни картички треба да бидат исклучително внимателни при своите online плаќања, и да внимаваат да не ги оставаат своите податоци на сомнителни или на веб страници кои не им се познати, бидејќи постојат голем број веб страници наменети за придобивање на потребните информации.

Еден начин, со кој корисниците можат да се заштитат од злоупотреба на нивните картички, односно расположиви средства при плаќање на интернет, е да извадат посебни картички со кои би ги извршувале online плаќањата, и на кои би имале онолку средства колку што се потребни за трансакцијата (одредени банки издаваат картички кои се со единствена намена за online трансакции).

Се наметнува прашањето дали авторот слушнал за спорење на трансакција, и дали било кој во развиениот свет се замара со посебни картички за интернет? Од кога веќе сме соочени со баба-роги под називот „криминални групи“, авторот ефектно поентира со драматизација на семоќните баба-роги (криминални групи) кои од ден - на ден стануваат се посилни (како Тарзан):

Сопствениците на кредитните картички треба да имаат предвид дека со развојот на новите технологии, криминалните групи стануваат се пософистицирани, при што самата технологија им овозможува полесен пристап до потребните информации и нивно брзо користење.

Соочени со нашата беспомошност пред софистицираните мафијаши, чиниш Ал Капоне се реинкарнирал во хакер и почнал да организира мафија со картици! Не знам во која реалност живее авторот, но ова повеќе личи на хумор од Монти пајтон комбиниран со noir елементи од Бетмен. Можеби негативецот во новото продолжение на Бетмен ќе биде токму лидерот на криминалните групи кои се наведени во текстов.

За разлика од мене, верувам дека текстов и особено последната реченица, нема да му бидат забавни на банкарскиот сектор во државава:

Исто така, тие треба редовно и задолжително да ги проверуваат своите банкарски изводи, посебно доколку сметаат дека можеби станале жртва на криминални банки кои злоупотребуваат кредитни картички.

Сеедно дали авторот има стари податоци или едноставно му требал бомбастичен пристап полн со полувистини, невистини и отсуство на факти, се работи за случај на неодговорно новинарство. Не би смеел дневен весник од типот на Бизнис да си дозволи таквов пристап.

На крај читателот (кој не е стручен во областа) е еднострано наполнет со застарени и погрешни тези, кои занемарувајќи ја моменталната состојба на технологијата, општите сигурносни мерки и стандарди, му наметнуваат параноичен поглед на областа.

Дополнително во текстот читателот не е запознаен со најбазичниот, а воедно и најважниот факт, дека му е достапен чекорот „оспорување на трансакција“ кај банката издавач на картичката, при што секогаш ќе биде обештетен директно од банката, доколку биде оштетен при случаите на криминал кои што се наведени, но и при потривијални проблеми како испорака на несоодветен производ.

Спорни трансакции, развој на пазарот

За да не остане постов само на напаѓање, еве малку податоци. На глобално ниво спорните трансакции се околу 1.5%, и тоа претежно не се должи на криминал со украдени картички, туку на многу понаивни случаи како рекламации и испорака на несоодветен производ. Во Македонија таа бројка е уште пониска. Кај нас во ТЦ.мк досега сме немале ниту еден обид за злоупотреба или рекламации, а веќе со месеци имаме прилично експониран систем во јавноста.

Набљудувачите на оваа област (особено локалната твитер заедница) ќе се сетат и на посебното внимание што го посвети МТВ1 пред околу еден месец, кога во главниот дневник имаше опсежен прилог за фишинг (phishing) меиловите, кој се префли општо на целокупната опасност на интернетот. Тоа беше дополнето со специјална дебатна  емисија  на истата тема, веднаш по дневникот. Притоа само се крена голема галама за ништо.

При досегашното беспрекорно искуство на интернет трговијата во Македонија, ваквото сеење страв и несигурност во најмала рака представува неодговорно новинарство. Наместо да се поддржи доброто и да се биде позитивен катализатор во општеството, се шири СНС (страв, несигурност, сомнеж), по добро познат рецепт.

Интернет трговија во Македонија

Во меѓувреме пазарот граби напред. Интернет трговијата излезе од фазата на создавање, и влезе во фазата на  развој. Позитивните технички, сигурносни, социјални и економски фактори веќе се несоборливи и се очигледни за граѓаните. Сега ни останува да одиме напред со одговорен пристап кон безбедноста и стабилноста на екосистемот.

Во меѓувреме, доколку некому му е потребно конкретно упатство и совети за безбедно користење на кредитните картички еве неколку корисни линкови.

8 совети за везбедно купување на Интернет

Online Shopping Tips: E-Commerce and You

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен