јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Интернет продавница за поголем приход

Објавено на од

Пред да почнам да обајаснувам за предностите на една интернет продавница, да се потсетиме како беше во блиското минато. Знаеме дека ниеден бизнис не може да преживее ако не се приспособува на промените со текот на времето. Живееме во ера на технолошки револуции, а интернетот го промени начинот на кој ги живееме нашите животи. Сите информации на светот може да се најде на интернет; до само пред две децении, луѓето користеа весници, списанија, книги и ги посетуваа библиотеките за да ги најдат информациите што им се потребни.

Интернет продавница

Но денес работите се сменети, а пребарувачите и социјалните мрежи се извор на секоја информација која ни е потребна. Тоа влијае и на начинот на кој луѓето купуваат производи и користат услуги. Во ова ново сценарио, развој на интернет продавница за сопствен бизнис стана исклучително важен сегмент за секој бизнисмен.
Со градење на e-commerce веб-страна за вашиот традиционален бизнис, ќе се отвори нов прилив на приходи. Се разбира, одлично е да поседувате традиционална продавница на одредена локација која привлекува многу клиенти, но мора да се изгради онлајн присуство, ако сакате да се зголемат приходите. Исто така некои параметри се менуваат - се повеќе и повеќе луѓе ги користат своите мобилни и други преносни уреди за да порачуваат производи и да искористат услуги преку интернет.

Кои се опциите за отварање на интернет продавница?

Најчесто првата работа која паѓа на памет кога се мисли на е-продавница е продажба на физички производи. Најголем дел од интернет корисниците се запознати со физички производи. Што повеќе производи – тоа подобро, и за вас и за купувачите. На пример еден фактор за успешноста на Амазон е широката палета на производи од секоја категорија. На тој начин, корисниците имаат можност да бираат и да го пронајдат производот кој ги задоволува нивните потреби. Постојат и чисто-дигитални онлајн продавници и тие имаат една предност во однос на интернет продавниците за физички производи а тоа е начинот на испорака на производот до потрошувачот. Штом ќе се порача производот, се испорачува веднаш, по електронски пат, без никакви трошоци за трговецот за испораката. Најдобра опција е мешана интернет продавница (дигитални и физички производи), но сепак секоја си има свои предности во зависност од начинот и методите кои се употребуваат за придобивање на што поголем број на клиенти.

Кои се предностите на интернет продавниците ?

Интернет продавниците имаат многу предности во однос на традиционалните физички продавници. Најпрво, позадината е онлајн процес каде што нема потреба да имате вработен кој што ќе ги упатува клинетите и на некој начин ќе ги убедува да го купат производот. Во случај на е-продавница, луѓето сами пребаруваат низ производите, споредуваат и размислуваат колку што сакаат пред нивниот компјутер,во нивниот дом. Постои само еден недостаток на онлајн продавниците во споредба со физичките продавници во врска со некои специфични производи како парфеми и козметика. Личноста која е заинтересирана за овие производи најверојатно посакува физички контакт со истите што не мора да значи доколку претходно веќе го/ги користел. Но во пракса овој мал недостаток може да се елиминира со тоа што сопственикот на интернет продавницата ќе понуди пониска цена на таквите производи и со тоа ќе ја зголеми нивната продажба. Има и други решенија на тој проблем како: употреба на квалитетни слики, спецификации за производот, мислења од други купувачи (анг. reviews), доверба во брендот и продавницата итн.Интернет продавницата трговски центар
Ако вашиот e-commerce сајт гарантира за безбедноста и задоволството на клиентите во однос на стоки и услуги, двоумењето и загриженоста на клиентите автоматски ќе се намали. Доколку после првото купување од вашиот веб-сајт постои задоволство од целокупната услуга (производ,цена,достава) кај потрошувачот, веројатноста да се вратат на вашата продавница повторно е многу голема. Константо прикажување на квалитет ќе придонесе за доверба,сигурност и авторитет а со тоа и многу повратни потрошувачи.
Можеби тие ќе почнат со помали и поефтини производи, но со текот на времето доколку го исполнувате гореспоментото, очекувајте големи продажби.
Еве и некои други карактеристики и предности на интернет продавниците:

  • Им помага на бизните да се прошират до нивната целна публика надвор од границите на една држава! Ова е првата голема корист за развој на трговијата. Интернетот ќе овозможи вашиот бизнис да се прочуе надвор од рамките на една држава, да придобиете нови клиенти, да ги зголемите продажбите...
  • Трошоците за одржување на веб продавница се многу помали во одност на трошоците за физичка продавница.
  • Вашите услуги или производи се на располагање на потенцијалните корисници 24x7/365 дена во годината. Тоа значи дека производите од вашата продавница се достапни во секое време за крајните купувачи. За вашата продавница не постои празник или викенд. Луѓето можат да пристапат и да извршуваат нарачи со секој дел од денот.
  • 80% од интернет прадавниците се оптимизирани за пребарувачите! Едноставно затоа што интернет корисниците кои пристапуваат од пребарувачите до страната со производот се спремни да го купат тој производ. Речиси никој не би пребарувал во Google на пр. ”правосмукалка”, доколку не е заинтересиран за нејзино купување. Затоа ова нека ви биде едно од првите прашања доколку се решите да интегрирате е-продавница во вашиот бизнис.
  • Помага за ефективен маркетинг по пристапни цени со што се намалува вкупниот буџет што може да се потроши за публицитет и рекламирање. Со помош на интернетот, лесно може да ја таргетирате вашата цел и да спреведите ефективен маркетинг.
  • Можност за лесно прилагодување. Само со неколку чекори може да ги ажурирате содржините и податоците за вашите производи. Квалитетните интернет продавници тоа го овозможуваат на најлесен начин.
  • Високо скалабилен и безбеден процес за проширување на вашиот бизнис онлајн.
  • Аналитика. За само неколку секунди може да имате детален преглед за секој сегмент од работењето на вашата продавница без притоа некој да води статистика за тоа. Позадински софтвери ја решаваат оваа задача.

Купувањето преку интернет во Македонија

Купување на интернет преку интернет продавница мкСпоред соопштението за Информатичко општество на државниот завод за статистика во октомври 2011, 6,7 проценти од корисниците на интернет направиле нарачки преку интернет за свои намени во последните 12 месеци според тогашната дата. Меѓутоа овој број со сигурност ќе се зголемува земајќи го фактот дека речиси сите трендови, технологии итн. коишто се популарни во светот, во Македонија пристигнуваат од неколку месеци па до неколку години покасно. Постојаната интеграција на интернетот во секојдневното живеење и константоното зголемување на корисниците на интернет во Македонија со сигурност ќе ги зголеми онлајн нарачките во наредниот период. Уште повеќе што тоа претсавува еден вид на вирален процес кој се шири со експоненцијална брзина доколку постои задволство од услугата. И затоа не треба да бидеме видовити за да знаеме што ќе се случува во наредните години во оваа област. Оние кои ќе интегрираат веб продавница во својот бизнис сега, ќе бидат неколку чекори понапред во однос на другите во периодот што предстои.

За крај, дали е лесно да се отвори интернет продавница во денешно време?

Овие денови, отворањето свој онлајн бизнис е полесно од било кога благодарение на голем број на услуги кои се достапни на интернет. Всушност, можете да започнете онлајн бизнис целосно од нула за неколку десетици евра месечно во зависност од услугите и пакетите што се нудат. Да, многу лесно можете да бидете сопственик на интернет продавница во Македонија. Овде треба да посветете посебно внимание на логистиката која ја добивате од давателот на услугата. Информирајте се за можностите да заштедите време и пари со интегрирани услуги во вашата веб продавница како: испорака, наплата на трансакции, контрола на измами, интернет маркетинг, уредување на каталог. Внимавајте да не испуштите некој од овие сегменти бидејќи сите се неопходни за успешна работа.
Без разлика дали поседувате физичка продавница или не, дефинитивно размислувајте за интернет продавница.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање