јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Интернет маркетинг оптимизација

Објавено на од

Потпомогнат од технологијата Интернетот еволуираше многу во последните 2-3 години. Дојдовме до точката кога секоја компанија која го игнорира комплетно од своето работење се соочува со големи ризици. Денес не е повеќе само опција прашањето дали треба да се биде интернет ориентиран. Ова станува реална бизнис потреба. Зошто?

Купувачите поминуваат се повеќе време онлајн: друштвени мрежи, забавни портали, сајтови за купување.. Фактите и во нашата земја го потврдуваат тоа: половина од популацијата има Интернет, расте бројот на Facebook профили и од повозрасните демографски групи, се развива деловната клима за купување од дома.

Купувачите сега "гуглаат" информации за производи, брендови и компании, разгледуваат критики и рејтинзи за истите и разменуваат мислења со пријателите за производите преку друштвените мрежи.

Од фирмите се бара да бидат присутни таму каде што се редовно нивните купувачи - онлајн. Токму поради тоа исклучително е важно воспоставувањето на солидно Интернет присуство и доближување на брендот до целната група.

Ова секако претпоставува плански приод кој вклучува комплетна стратегија за Интернет настап. Предизвикот е особено голем ако се знае дека треба да се приреди уникатно искуство за купувачот секогаш кога е во допирни точки со брендот. Се поставува барањето на оптимизација за напорите од повеќе аспекти. Во продолжение на текстот ги претставуваме основите на тие техники:

1. Оптимизација за Интернет пребарувачи - SEO

Луѓето се повеќе користат пребарувачи за да пронајдат производи или услуги за кои имаат интерес.
Оваа техника на Интернет маркетингот означува постигнување на поголема видливост на вашиот сајт на пребарувачите и негово прикажување во горните резултати кога корисникот/посетителот/потенцијалниот купувач пребарува за релевантни клучни зборчиња.
Добриот SEO бара почитување на два аспекти:

  1. оптимизацијата на елементите на сајтот (on-page оптимизација): вметнување на клучни зборови во наслов на страницата, url, поднаслови, нагласени (bold) елементи, тагови.
  2. градењето на надворешни линкови (inbound links).

Првиот метод, кој придонесува со 25% во SEO оптимизацијата означува дека внимавате на организацијата на сајтот, додека со вториот метод - привлекување надворешни линкови, му сугерираме на Google дека има квалитетна содржина на сајтот и неговите мехнизми го подигнуваат ранкингот. Линковите се нешто како онлајн курсна размена, во која сајтот ја зголемува вредноста правопропорционално со бројот на линкови и авторитетот на тие сајтови кои линкуваат кон него.

Оптимизацијата за пребарувачи игра клучна улога и кај посетите на ТC.mk и придонесува со третина од вкупниот сообраќај.

Трговски центар во Google-Интернет маркетинг оптимизација

 

2. Оптимизација за платено пребарување - PSO

Техниката која популарно се нарекува и search engine marketing (SEM), практично означува креирање кампањи за дадени клучни зборчиња за кои вашиот бизнис ќе се покаже во горните спонзорирани резултати. Такви се AdWords на Google, AdCenter на Bing, Yahoo Advertising итн.

Oптимизацијата на платените огласи бара внимавање на повеќе аспекти: релевантни зборчиња за кои има потенцијален сообраќај, добро отпмизизрани страници до кои водат линковите во огласот, наслов и квалитетен опис.

Има многу веб сајтови кои ќе ве воведат во овој неизоставен дел на Интернет маркетинг (SEO и SЕМ), еве дел од нив: Search engine land, SEOmoz, ClickEquatations.

3. Оптимизација на активностите во социјалните медиуми

Сите брендови кои се активни на социјалните медиуми работата не ја завршиле со отварањето на Facebook страница за брендот или компанијата. Најголем дел од луѓето се појавуваат на друштвените мрежи од други прични - одржување врски со најблискиот круг или забава. Сосема јасно е дека односот со компаниите е второстепен и секој бренд мора да го заработи вниманието на фановите за да го следат.

Врската или односот на компаниите и купувачите онлајн започнува во моментот кога тие стануваат ваши фанови, следбеници или ќе се претплатат на билтен. Како тој однос понатаму ќе се развива зависи од тоа дали ќе им се пониди добра содржина. Има повеќе прични зошто купувачите се спријателуваат со брендовите или "започнуваат врска": да добиваат попусти и специјални понуди, да покажат асоцијација и склоност кон брендот, да добиваат редовни информации и новости, ексклузивна содржина, за забава итн.

Веб сајтот на Трговски Центар Македонија

Facebook медиумите на Трговски центар покрај главната Facebook страница ги вклучуваат и Желботека, Geeks и Сакам попуст кои располагаат со сопствена публика. Тука се и Twitter профилите на Трговски центар и Geeks. Позади нив стои посветен тим кој постојано работи на поттикнување на интеракција со фановите и слушање на коментарите/мислењата. Притоа, промотивните објави доаѓаат секогаш во втор план.

Активностите на маркетингот преку социјални медиуми бараат посветеност и голема инвестиција во време. Оптимизацијата значи дека социјалните објекти кои се споделуваат како содржина: видеа, фотографии, статуси и прашања мора да се вклопат во правиот контекст за да доживеат поголем ефект. Оттука она "Ако содржината е кралот, а маркетингот кралица, тогаш контекстот е кралството".


4. Оптимизација за содржините во News feed

Компаниите и брендовите кои одржуваат високо ниво на интеракција со фановите се наградени од Facebook преку нивниот ранкинг механизам и почесто појавување во ѕидот со новостите кај нив. EdgeRank формулата на Facebook одредува дали и колку често објавата ќе се појави во news feed. Score-от на вашата страница може да го проверите преку алатката Edgerankchecker.com.

На овој начин Like-овите и коментарите се позиционираа како онлајн валути на Facebook по кои се разменуваат и одвиваат муабетите помеѓу брендовите и купувачите. Сите кои работат на квалитетната содржина и редовна комуникација ќе бидат наградени. Позитивно искуство = бесплатен word-of-mouth.

Најсеопфатни веб ресурси за Facebook: AllFacebook и InsideFacebook.

5. Оптимизација на конверзиите (CRO)

Врските со фановите може да бидат и од ниско ниво, т.н "спонзорства". Oва се луѓе ловци на попусти, бесплатни примероци и наградни игри. За да еден фан или посетител се претвори во регистриран корисник на страната (lead) и подоцна купувач треба да се вложи голем напор.

Техниката која се применува тука е converstion rate optmization. Следењето на прогресот е една работа, а креирањето на атрактивни повици за акција (Call-to-cation/CTA) е аспектот кој ќе помогне посетителот да се насочи кон кошничката и заклучување на продажбата.

(продолжува)

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање