јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Иднинината на трговија, медиумите и купувачите

Објавено на од

Потрошувачите и брендирање

 

Иновациите кои се шират низ медиумите и социјалните норми дозволуваат потрошувачи од сите возрасни опсези да се впуштат во една нова генерација на комерцијата. Клучните работи за нив се времето, квалитетот на искуството и затоа купувањето се продолжува надвор од границите на традиционалните канали.

Потрошувачите имаат многу повисоки очекувања од кога било претходно. Во согласност со тоа компаниите мораат да развијат стратегија која што ќе ја усогласи нивната дигитална присутност. Компаниите треба да се фокусираат повеќе на самиот бренд и неговото дигитално присутство одколку целиот фокус да им биде на едноставните реклами.

Истражувања покажуваат дека просечниот потрошувач не го засегаат традиционални реклами и истите ги одбегнуваат кога е можно. Статистика која што не треба да се занемарува бидејќи тие се истите потрошувачи што ги оформуваат трендовите и се активни на дигиталните медиуми.

 

brendiranje

 

Медиумите и нивната улога

 

Покрај сите дигитални трендови, некои традиционални медиуми се уште ја имаат довербата кај потрошувачите. Печатениот медиум е на второ место кај потрошувачите кога станува збор за доверба. Facebook ја држи првата позција, e-mail е на трето а традиционалната телевизија е на четврто место.

Кога станува збор за пробување на нови продукти, телевизијата и печатените медиуми ги држат првите две места каде што социјалните се на трето.

Без разлика на медиум и начин на представување, одзивот на потрошувачи што ги следат вашите продукти е убедливо нај голем од младите генерации. Тука се им нуди можност на брендовите да станат вирални со помош на младите потрошувачи. Тоа се должи на нивните навики при споделување содржини на социјални медиуми.

 

mediumi

 

Взаемната лојалност

 

Содржината што потрошувачите ја споделуваат на социјалните медиуми претставува статистика на бројката лојални потрошувачи што ја има брендот. На повеќе од пола потрошувачи им е важно кој бренд или компанија ја има креирано содржината што ја споделуваат. Лојалноста која што веќе ја чувствува потрошувачот исто така влијае на начинот како содржината е споделена.

Лојалноста на потрошувачот е право-пропорционална со безбедносните мерки што ги применува компанијата заедно со своите продукти. Четвртина од потрошувачите од сите возрасни групи имаат изјавено дека би користеле друга компанија доколку таа нуди поголема безбедност при користење на нивните продукти.

 

lojalnost_i_doverba

 

Локација и потребите на потрошувачот

 

Треба да се користат секакви метрики за потрошувачот да биде задоволен. Дел од потрошувачите им дозволуваат на компаниите да собираат податоци (како гео-локација) со цел да им се подобри целото корисничко искуство. Истото важи и за користење на  новите паметни опреми.

На потрошувачите им е важно нивните продукти да бидат испорачани брзо и ефикасно. Некои потрошувачи се спремни да престанат да купуваат продукти од компанија само бидејќи чекале повеќе од предвиденото од продуктот.

 

doverba

 

Прилагодување на технологиите и потрошувачите

 

Компаниите мора да прикажат стратегии со кои ги вклучуваат потрошувачите. Стремењето треба да биде кон потрошувачот и неговото задоволство. Можноста за партнерство со друга компанија не треба веднаш да се отрфрла, ако тоа значи дека искуството на потрошувачот ќе се подобри.

Фокусот не треба да се тргне од медиумите. Треба еднакво да им се обрне внимание на сите. Стратегија која што ќе одреди кој медиум ќе се користи кога и како е клучна работа за одржување на позитивно мислење и врски со потрошувачи.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен