јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

5 Идеи за натпревар преку социјалните медиуми и придобивање нови корисници

Објавено на од

Дали некогаш сте размислиле да одржите натпревар на социјалните медиуми за да привлечете повеќе корисници и контакти? Во прилог напишавме 5 идеи за натпревар преку социјални медиуми:

1# Натпревар со гласање


Со натпревар преку гласање ги вклучувате вашите корисници и фанови во интеракција каде од нив барате да дадат мислење и глас за некој производ, за брендот, за идни планови и слично.

Идејата е едноставна и лесно изводлива со минимални бариери и влогови. На вашата Фејсбук страна или/и веб страна поставувате форма каде корисникот ќе гласа и ќе го потврди мислењето со емаил адреса или пак ќе мора да притисне „Ми се допаѓа“ за да може да учествува во гласањето.

Со ова ќе добиете листа на емаил адреси за вашиот билтен или пак на вашата Фејсбук, кои можете да ги користите во следната маркетинг кампања. Бидејќи активностите на Фејсбук, во поголема мера, се видливи од нашите пријатели ќе имате поголем достиг на луѓе и потенцијални корисници. Доколку ние би напишале мислење за нешто, многу е веројатно дека нашите пријатели ќе сакаат да видат за што се работи.

За да биде максимално успешна кампањата и за да има интеракција, најповолно е корисниците да имаат корист од тоа што ќе го напишат. Дали тоа би било ограничено издание на производот, брендирани маички, додатоци и сл, оставаме на вас и вашите можности.

#2. Натпревар со фотографии


Фото натпревари се уште еден начин на интеракција со корисниците. Сите обожаваат фотографии! Концептот на добивање на корисници или пак само контакти (leads) е сличен како кај натпреварот со гласови, само што овој пат корисниците мора да испратат и фотографија на одредена тема. 

На пример, можете да барате фотографии од личноста која ќе носи ваша брендирана маичка или производ, конкретно ваш производ и негова креативна употреба или пак наједноставни креативни фотографии на одредена тема која се поврзува со индустријата во која работите или пак вашиот бизнис.

Фотографиите се највирални и создаваат најголема заинтересираност кај корисниците на социјални медиуми, што можете да го искористите за создавање на поголема свесност за вашиот бизнис и компанија.

#3. Натпревар на случајност


Натпреварите на случајност се можеби и најкористени и наједноставни.

Концептот е следен, на одредена веб страна корисниците треба да остават е-маил пошта или да ве следат на некој социјален медиум. Секако постои награда за X број на лица кои ќе бидат изберени по случаен избор.

Идејата е добра доколку сакате да дигнете свесност за брендот или пак голема база на фанови. Не е препорачливо доколку пазарот на кој настапувате не е голем.

#4. Натпревар со есеј


Натпреварите со есеј бараат малку повеќе вклученост од вашите фанови и корисници, бидејќи за да се напише еден есеј се посветува малку повеќе време и креативност за разлика од другите методи.

Но, придобивката е поголема. Со есеј можете да ја слушнете вашата таргет публика и нивното подлабоко мислење за вашиот производ, бренд или компанија. Исто така, можете да го искористите ова за некое истражување пред да влезете на некаков пазар.

Бидејќи бара голема вклученост од фановите и корисниците, мора да имаат и поголема придобивка за вложениот труд. Бидете креативни.

#5. Натпревар со видео


Натпреварите со видео бараат многу креативност од фановите и корисниците, но видеото исто така е многу вирален елемент на социјалните медиуми. Организирањето на натпревар од овој тип може да користи многу за вашата компанија.

Бидејќи скоро сите социјални медиуми веќе хостираат видео содржина (facebook, instagram, vines итн.) немате големи трошоци за водење со натпреварот.

На пример, можете да побарате од корисниците и фановите да постават видео со ваши брендирани елементи, смешна содржна (што е доста вирално), мислење на некоја тема, глума и сл.

 

Каков натпревар на социјалните медиуми би организирале вие? Споделете во коментари. 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен