јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Идеално решение за еден трговец - Интернет продавница

Објавено на од

Електронската трговија на запад веќе одамна е интегриран дел од живеењето на луѓето. Во Македонија, полека но сигурно, со постојан раст се зголемува купувањето преку интернет. Причината е јасна. Интернетот е одамна наше секојдневие и замислете како би изгледал светот доколку не постои.  Околку 3 милијарди интернет корисници ќе има светот до половината на наредната година и тоа е причината поради која секој бизнисмен или трговец бара онлајн решение за неговиот бизнис.

И денес, клучна алка во развојот и одржувњето на речиси секој бизнис е интернетот па затоа тенденцијата на премин од off-line во on-line или директно во on-line е зголемена земајќи го во предвид претходно кажаното. Тоа значи дека постепено се зголемува конкуренцијата во секој одделен маркет, исто како што постои во off-line светот. Мапирањето на класичниот бизнис во електронски, навидум е лесно но воопшто не треба да се потценува доколку сме сериозни во намерите да изградиме онлајн бренд или да го продолжиме постоечкиот. Што би се случило доколку имате квалитетен производ или сервис, но вашиот вебсајт изгледа досадно, луѓето едвај го наоѓаат или потполно е промашено решението за вашиот тип на бизнис? Она што се случува е дека пропуштате огромна шанса да ги зголемите вашите приходи, да го автоматизирате потполно или делумно а тоа е она кон кое денес сите целиме.
Кристално јасно е дека квалитетен вебсајт или интернет продавница интегрирана со најпопуларните социјални мрежи како Facebook, Google+, Twitter и други во комбинација со добар маркетинг план ќе придонесат да ги зголемите посетите и потенцијалните купувачи.

Оваа статија не ја пишувам случајно и е инспирирана од конкретен пример, поточно интернет продавницата advance media. Интересен е фактот дека сопственикот на оваа веб продавница воопшто и не поседува физичка продавница што е навистина охрабрувачки. Доколку се реализира идејата и замислата и се придружуваме кон основните принципи за создавање на квалитет, тогаш профитот е неизбежен исто како кај оваа продавница.

Интернет продавница Advance Media

Има повеќе клучни точки а тоа се: професионалниот дизајн, редовното ажурирање, лесната навигација, производи на акција, понуди за сезонски производи или производи во побарувачка, редовно ажурирање и интеракција на социјалните профили.За еден трговец да биде успешен потребно е да се соединат повеќе работи во една целина, но тоа е одлика на секој успешен бизнис и бизнисмен. Мора да се синхронизираат акциите доколку сакате да завршите со неколку продажби на ден. Уште повеќе доколку имате искуство од оптимизација на конверзии.

Ова е класичен пример на успешна интернет продавница во Македонија. Кога на ова ќе ја додадеме активноста на социјалните мрежи, пред се Facebook кој е најпопуларен на македонскиот пазар, тогаш имаме добитна комбинација.  Тоа пред се служи за "собирање" на таргетрирани корисници, брендирање како и виралниот ефект кој може да се создаде доколку користиме паметен (smart) маркетинг.

Промоција на Facebook фан страна

Како да ги зголемиме продажбите на интернет продавницата?

Исполнување на претходно кажаното е неопходно. Сепак постои уште една главна работа кон која треба да целиме за да имаме максимален ефект и неколкукратен ROI (return of investment) а тоа е довербата. А доверба се гради со постојаност и квалитет. Клиентите мора да го добијат она за кое платиле бидејќи само така може да добиете позитивен рејтинг и уште повеќе купувачи.  Исто така мора да вклучите страни во кои ќе објасните за сигурноста при купувањето како и политиката на испорака на продуктите. Вебсајтот треба да биде оптимизиран за пребарувачите доколку сакате да добивате интернет сообраќај од најголемите пребарувачи како Google, Yahoo и Bing. Advance Media ги има имплементирано сите неопходни елементи за усппешен онлајн бизнис.

Тој има околу 1300 производи и за него е идеално прилагоденото решение кое обезбедува комплетен систем за наплата на трансакции (Visa, MasterCard) и испорака на производи. Единствено тој би посветил внимание само на содржината на сајтот (опис на продуктите, назив, цена). Еве на кој начин овој пакет се "грижи" за сопственикот на оваа продавница:

  • Еднократно фотографирање и внесување на производи во каталог 500
  • Едноставно и брзо уредување на страници (Drag’n’Drop)
  • E-маил бизнис адреси
  • Вклучен хостинг
  • Неограничен сообраќај
  • Систем за сметки и фактури
  • Систем за управување со рекламации
  • Систем за лојалност и попусти
  • Неограничена е-маил поддршка, одговор во истиот работен ден
  • Систем за украсно пакување на производи
  • Пребарувач со динамички филтри
  • Автоматско генерирање на страници по определен урнек

Ова е сосем доволно за развивање на сопствен онлајн бизнис. Понатаму, во зависност од побарувачката, може да го смени пакетот и да го прошири неговиот бизнис.

Дали и вие имате артикли кои чекаат да бидат купени :) на овој или на странскиот пазар? Дали некогаш сте размислувале за сопствен вебсајт со или без интегрирана продавница? Пишете коментар.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен