јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Гратис билети за претстава во МНТ

Објавено на од

Акцијата со гратис билети за претставата “Жената како воено поле“ на Драмскиот театар се покажа успешна, на наше и на задоволство на добитниците на гратис билетите. Тоа го потврди и 10 минутниот аплауз за бравурозната изведба на Ирена Ристиќ и Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Бидејќи никогаш не пречи поголема количина од убавите нешта, се решивме да овозможиме повторување на акцијата за гратис билети. Овој пат Македонскиот народен театар ни ја понуди својата претстава „СУД“. Се работи за нова претстава на репертоарот на МНТ, која имаше премиера на 05.02.2010, а ја изведува млада и популарна актерска екипа: Славиша Каевски, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Борче Начев и Оливер Митковски.

Претставата е по истоимениот текст на Коле Чашуле, а режисер е Љупчо Ѓорѓиевски. Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, а костимите Благој Мицевски. Музиката е на Марјан Нечак.

Претстава СУД

И овој пат за секој билет купен на интернет добивате уште еден билет гратис, и тоа само за претставата што се игра овој четврток 29.04.2010 година. Па побрзајте и земете го вашиот гратис:

Споделете ја можноста и со вашите пријатели! Акцијата трае до четврток 12.00 часот, а бројот на билети е ограничен.

Со оваа втора акција за гратис билети за театар, веќе ќе бидат општо познати придобивките од лагодното купување на театарски билети преку интернет. Си одите директно на претстава, без потреба од резервации, претходно подигање на билети и неизвесност. Едноставно, посакувате и си купувате.

Затоа во следните акции очекувајте гратис билети за други типови настани ;). Следете не и ќе ви го доближиме удобното купување на онлајн билети и за концерти, спортски настани и друго.

Помалку замарање, повеќе уживање!

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен