јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Google го менува Keyword Planner-от со датуми и уреди

Објавено на од

Графикон за популарноста на клучните зборови

Најголемиот визуелен додаток на Keyword Planner-от е всушност табелата која што се наоѓа на врвот од страницата. Како и обично, се внесуваат некои зборови во “Get search volume for a list of keywords or group them into ad groups” просторот за клучни зборови, со што би се примиле податоци за клучните зборови. Наместо само добивање табела на клучни зборови и бројки, сега страницата е дополнета со графикон кој ги прикажува месечните трендови за клучните зборови пребарувани во текот на годината.

Примерот на сликата погоре прикажува побарувачка на податоци за шест клучни зборови поврзани со чевли. Големите сини блокови го покажуваат бројот на комбинирани пребарувања, месечно во последните 12 месеци. Со доближување на маусот до било кој блок од графиконот се прикажува и бројот на пребарувања во определениот месец. Оваа нова функција е многу корисна доколку е потребен брз преглед на трендовите или сезонското прегледување на еден или повеќе клучни зборови.

Табелата под графиконот, пак, содржи детали за просечната месечна големина на пребарувани зборови, како што секогаш прикажуваше и во Keyword Planner-от. Тука со доближување на стрелката од глувчето до малечката икона-табела која што се наоѓа десно од секој клучен збор, се појавува pop-up прозорче со мини-графикон кој го прикажува трендот за пребарување за одредениот клучен збор кој е внесен.

Дополнително, Keyword Planner-от сега дозволува одредување на опсег на датуми. Во “Date Range” селекцијата која се наоѓа лево, се одбира било кој почетен месец од Април 2012 до Март 2014. Алатката ќе ги прикаже податоците за клулните зборови за тие месеци во графиконот. Се претпоставува дека ова ќе биде подвижен период од 24 месеци, со што следниот месец опсегот би го опфатил периодот од Мај 2012 до Април 2014 година.

Со клик на “Compare” копчето во "Date Range" секцијата се прикажуваат податоци споредени со било кои други месеци, како што е прикажано на сликата подолу. "Year by Year" опцијата е најочигледниот избор кога се споредуваат трендови, но исто така може и да се анализира волуменот на пребарани клучни зборови пред и по некоја одредена дата.

Трендот на пребарана количина е сепак, само еден од трите графици понудени. Доколку се кликне селекцијата на врвот од графикот за бирање на друг преглед, како на пример “Mobile Trends” или “Breakdown by Device,” се прикажува поинаков преглед на страницата.

Претходната алатка на AdWords ја имаше можноста да сегментира клучни зборови преку десктоп или мобилна верзија. Кога алатката беше прекината како последица на Keyword Planner-от, пребарувачите ги изгубија тие податоци. Овие табели се всушност начин на кој што AdWords ги враќа изгубените податоци назад.

Сепак, да се истражат податоците за уредот на секој индивидуален клучен збор треба да се внесе секој посебно во алатката. Нема начин за download-ирање на оваа информација како што порано беше можно.



Download-ирање на податоци

Keywoard Planner-от секогаш овозможувал сегментирање на статискики месечно по кликање на download копчето. Тој дел не е сменет. AdWords сега ја додаде можноста да се симнуваат податоци по датуми, без оглед дали се работи за 2 или сите 24 месеци.

Функцијата download сепак не е целосно функционална како што на пример, би можела да биде. Податоците во табелите за трендови немаат опција за download. На пример, опцијата нема можност за download на податоците во опсегот на дати или споредувачките дати и месеци во Excel.

Како што е и претходно спомнато, мобилните и податоците на различни уреди немаат опција за download. Со преглед на стрелката од глувчето врз индивидуалните секции на податоци во различните видови на табели, може јасно да се видат бројките за тој уред. Многу мотивирана личност би можела да ги стави сите во spreadsheet меѓутоа рачно. Да се надеваме дека ова е наизменичен прв чекор кон повторното одобрување download за податоци на различни уреди.

 

Пребарувани големини vs. Идеи за клучни зборови

До оваа точка прикажувавме податоци за количините на пребарани клучни зборови или за нивно групирање во различни рекламни групи преку Keyword Planner. Но кога истите податоци се користат за нови клучни зборови или потенцијални рекламни идеи, тие имаат сосема различна намена.

На пример, сликата подолу ги прикажува истите шест примери за чевли, односно пребаруваните клучни зборови за истите. Меѓутоа, тука влезните податоци имаат намена за потенцијални нови идеи наместо за големина на пребарани податоци.

Како резултат на ова, Keyword planner-от ги враќа шесте клучни зборови со тоа што додава нови 800 идеи за клучни зборови. Наместо прикажани 44.900 просечни месечни пребарувања, сега графиконот прикажува 5.317.340 просечно месечни пребарувања за истиот временски период.

Секој од овие идеи за клучни зборови е релевантен во поглед на шесте клучни термини внесени во алатката, но не е релевантен во поглед на некој специфичен клучен збор кој што би се пребарувал. На пример, ако пребаруваме “црвени чевли” , малку веројатно е дека “евтини чевли” ќе бидат резултат релевантен на одбраните клучни зборови. Со стеснувањето на идеите би се прикажале само тие релевантни на листата на клучни зборови. Со ова графиците што би се прикажале би биле попретставителни.

Користејќи ја оваа алатка, функцијата би била особено корисна во случаи кога сакаме да ја знаеме вредноста на клучниот збор во т.н. универзум од комбинации на клучни зборови, кои што би биле трендувани со тек на време.

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен