јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Функционалности на интернет продавниците на Трговски центар

Објавено на од

Овој пост е посветен на карактеристиките и можностите на интернет продавниците кои ги нуди Трговски центар.  Ќе бидат наведени најважните особини, за да се запознаете подетално со овој систем, и да ги насочите вашите идеи и цели кон отварање на една веб продавница, независно дали ќе го таргетирате македонскиот или странскиот пазар.

Визуелно уредување на страната

Уредувањето на страните на продавницата е направено да биде едностано дури и за оние кои немаат големо искуство во користење на интернет апликации. Целата работа се базира на drag&drop (Weebly ја користи оваа техника) која овозможува додавање и преместување на цели блокови едноставно со нивно влечење по страната и поставување на саканата позиција. Подолу е кажано за некои од најкористените блокови и функционалности на интернет продавниците на трговски центар.

Визуелно уредување на страна

Додавање на лого

Додавање на логоЛогото претставува визуелен знак или елемент кој треба да ја одреди тематиката на вебсајтот уште при првиот поглед, да биде прилагодено на дизајнот и боите на сајтот, да биде единствено и лесно препознатливо. Не мора да биде премногу комплексно за да изгледа добро. Всушност најголемите светски брендови имаат едноставни логоа, меѓутоа нивниот бренд прави да бидат она што се, и општоприфатено од светската популација. Затоа при изработката на лого, обидете се да бидете едноставни но јасни.

Блокови и излог

ИзлогВертикалните блокови се елементи кои на едноставен и убав начин прикажуваат производи на вашиот сајт. Предноста овде е што имате неколку опции за нивно прикажување според повеќе критериуми. Тоа значи дека постои можност да се наместе динамичко прикажување на производите во вертикалните блокови и тоа според категорија, конкретна листа на производи и историја на посетител.

Вие имате потполна контрола на тоа што ќе се прикажува и колку производи ќе се прикажуваат во овој блокови. На пример, може да ставите неколку најпродавани проиизводи, или производи на попуст или производи од одредена категорија итн.
Излогот е само уште еден различен начин на презентирање на вашите производи.

Видео

Видео на WebShopМоже многу лесно да се додаваат видеа на на интернет продавницата. Потребно е само да се внесе таков блок на страната и да се вклучи адресата од видеото. На крај се одбира големината на видеото во зависност од неговата позиција на сајтот.

 

Facebook Fanbox

Сие знаеме денес каква важност имаат социјалните мрежи денес. Не се користат само за забава туку и за бизнис потреби. Посебно кога се работи за веб продавница како tc.mk со неколку илјади производи, поседувањето на активна фан страна е од клучно значење. Веб продавниците ви овозможуваат лесно интегрирање со вашата фан страна.

Слајдер

Слајдер со сликиСлајдерот може да биде исто така корисен елемент доколку сакате да ги насочите посетителите кон одредена категорија или одредени производи. Пожелно е да користите графика која ќе предизвикува кликови, т.е. да биде провокативна и упадлива како на пример 30% попуст, или најпродаваниот производ за минатиот месец или слично. Овде до израз може да дојде вашата креативност, или на оној кој ги изработува сликите. Можат да се користат различни методи, техники и алатки за да се добијат квалитетни слики за слајдерот.

Оптимизација за интернет пребарувачи

Мета тагови - оптимизација за пребарувачиВо претходниот пост, опширно се зборуваше за интернет продавници и оптимизација за пребарувачи. Овде нема да објаснуваме зошто е пожелно да имате SEO сајт, тука ќе кажеме дека овие интернет продавници имаат можност за вметнување на SEO параметри. Интернет пребарувачите секоја страна (без разлика дали е или не во рамките на еден домен) ја гледаат како посебна страна, па затоа параметрите внесувајте ги одделно за секоја страна, различни во зависност од содржината на страната.

Уникатен пребарувач

Уникатниот пребарувач ќе го зголеми задовослтвото на посетителите, бидејќи доколку некој пребарува на пр. cvekje на латинична подршка, пребарувачот ќе му излиста цвеќе внесено со кирилично писмо и обратно. Станува збор за генерички пребарувач кој е многу корисен.
Пребарувач на трговски центар

Систем за попусти

Системот за попусти е уникатен додаток кој го поседуваат овие интернет продавници. Попустите ги обожаваат луѓето, па зошто да не креирате и вие во неколку чекори?
Постои посебен оддел "Промоции" каде се креираат попустите. Потребно е да ги подесите некои параметри како траење на попустот, вредност на попустот, за кои производи важи, за кои типови на корисници и слично. Подетално за системот за попусти ќе се зборува во некој од наредните постови.
Систем за попусти

Менаџирање на каталог со производи

Она што е навистина добро за трговците е едноставниот начин на додавање и уредување на производи. Постојат два начина. Едниот е преку качување на Excel фајл (урнек кој може да го симните во админ панелот) во кој претходно се внесени производите од ваша страна. Вториот начин е "рачно" качување на производите. Исто така, за секој производ ќе треба да качите слика и потоа да ја додадете на соодветниот. Сликите се многу важен елемент во една интернет продавница бидејќи понекогаш можат да бидат клучен фактор во одлуката на посетителот дали да го купи производот или не. Затоа треба да се потрудите сликите од производите да бидат со висок квалитет и контрасна позадина за подобро да се долови продуктот.

Категории на производи

Во системот се внесени речиси сите можни категории на производи. Потребно е само да изберете кои категории ќе ги користи вашата продавница и да ги активирате.

Сметки

Во сметките се вклучени фактури, профактури и провизија. Профактурите се добиваат при крајот на месецот, а фактурите се добиваат по истекувањето на месецот за кој се фактурира. При секоја нарачка, се пресметува провизија во зависност од типот на пакетот и за самата се добива фактура за одземената провизија.
Провизијата се одзема веднаш кога ќе се ажурира нарачката во испорачана.

Платежен процес

Платежниот процес е целосно решен. Трговски центар има потпишано договор со Стопанска банка и самите продавници се интегрирани со платежниот процесор CaSys којшто го користи Стопанска банка. Тоа значи дека трговецот нема потреба да губи време на потпишување договори со банката.
Стопанска банка поседува најголем број на картички за онлајн плаќање и ексклузивно соработува само со Трговски Центар.

Испорака на производи

Трговски центар има потпишано договор со сервисите за испорака Курир и Глобко. Доколку имате потреба и имате ваша испорака, може да ја внесете во администраторскиот дел.

Видео демонстрација на интернет продавница

На следното видео, може да видите како се уредува една интернет продавница.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен