јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Escrow, неопходна услуга за сигурност на купувачот и продавачот

Објавено на од

Купувањето на интернет е привлечно поради бројни причини.  Понекогаш тешко е да се одлучиме за купување на интернет поради страв од крадењето на бројот од кредитната картичка и неизвесноста дали ќе го добиеме она што сме го нарачале.

Стравот од крадење на бројот на кредитната картичка, барем во Македонија, е комплетно неоснован.  Сите трансакции се прават на доверливи страници кои припаѓаат на двете институции Касис и FirstData (НЛБ Тутунска). Само тие го гледаат бројот на картичката и ја извршуваат платежната трансакција. Со тоа сите митови за (не)безбедноста на картичките паѓаат во вода.

Вториот страв, да не се добие платениот производ, во индустријата е елиминиран преку две стандардни опции:

  1. Оспорување на трансакцијата кај вашата банка, која обично ги враќа уплатените средства. Оваа услуга ја овозможуваат банките издавачи на кредитни картички или посредно сервиси како Paypal.
  2. Escrow услуга за посредување помеѓу купувачот и продавачот. Принципот на посредување подразбира дека продавачот не ги добива парите за производот се додека купувачот не потврди дека го има добиено платениот производ. Доколку производот е несоодветен, му се враќаат парите на купувачот. Escrow сервисот е познат како најсигурен начин за плаќање преку интернет и особено се препорачува при поголеми трансакции. Најпознати компании за оваа услуга се Escrow.com и Safefunds.com.

Со цел да овозможиме добра и сигурна услуга, во системот на Трговски центар ги интегриравме придобивките од двата механизми за осигурување на нарачките. Секоја трансакција е заштитена и од страна на банката издавач на картичката, и од процесот за рекламации на Трговски центар, кој ја има одликата на escrow посредник. Притоа во процесот за рекламации се исполнети двата најважни елементи за сигурност на купопродажбата:

  1. Трговецот нема да добие пари се додека купувачот не е задоволен или додека да истече рокот за рекламација.
  2. Купувачот ќе си ги поврати средствата доколку е оштетен. Односно парите нема да ја напуштат неговата сметка, бидејќи првично се прави само резервација на средствата, а пари се повлекуваат дури по истекот на рокот за рекламација.

Рокот за рекламација на купувачот е пет дена од моментот на испорака, така што овозможува доволно време за реагирање. Ваквата гаранција за услугата е како надополнување на заштитата која ја пружаат Законот за заштита на потрошувачите и банката издавач на кредитна картичка. Нашиот систем за Escrow е развиен специјално за потребите на Трговски центар, со цел да одговори на сите сигурносни предизвици, имајќи ја предвид раната фаза на развој на македонскиот онлајн пазар. Поминавме многу месеци покрај белата табла дизајнирајќи решенија и симулирајќи секакви сценарија, додека дојдовме до решението кое ни дозволува да работиме спокојно, со сигурност за самиот систем, трговците и купувачите. За среќа досега трговците и испораката биле ажурни и не сме имале случај на незадоволни купувачи кои го искористиле системот за рекламации. Но, опцијата е тука за „не дај боже“  и им овозможува на се поголем број на купувачи и трговци да се сретнат во рамки на сигурен еко-систем и спокојно да уживаат во благодетите на онлајн шопингот и тргувањето.

Доколку некој има прашање или забелешка на темава, со задоволство ќе одговорам.  Ако сака некој да прочита повеќе нека клика на линковиве:

- Taking Payment with PayPal, Escrow and other Online Options
- Guiding Buyers and Sellers Safely Through the Online Escrow Process
- eBay: Using escrow services

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен