јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Дефиниција на „Вистински СкС“

Објавено на од

Е-Облак?

Што, всушност, е „е-облакот“?
Тоа е начин на користење на мрежа на оддалечени компјутерски сервери кои се приклучени на Интернет, за да се чуваат, управуваат и обработуваат податоците.
Некои го изедначуваат е-облакот со Интернет, но тоа не е сосема точно. Интернет е многу поширок поим, збир на многу повеќе технологии, протоколи и парадигми од оние кои ги опфаќа е-облакот.
Ние го предлагаме терминот „е-облак“, иако е нарекуван, на англиски, но и одомаќено кај нас, само „cloud“ или „cloud computing“.
Трошоците за употреба на е-облакот се значително помали и тој многу полесно се прилагодува на зголемувањето/намалувањето на потребите од процесна сила (или, што би рекле, лесно „скалира“).
Зошто е тоа така? Затоа што компјутерските ресурси се консолидирани и делливи помеѓу корисниците, станувајќи на тој начин многу поефикасни, а притоа одржувајќи високо ниво на безбедност и заштита на податоците.

Софтвер-како-Сервис?

Често пати, заедно со е-облакот, а понекогаш и еден наместо друг, се споменува и терминот „Софтвер-како-сервис“ (СкС, англ. SaaS: Software as a Service).
За да се користат можностите на е-облакот, потребен е софтвер. Но, зошто да користиме локално инсталиран софтвер, кога и тој може да се наоѓа таму, во е-облакот? Тоа е логична и технички оправдана одлука.
Едноставно речено, е-облакот и СкС претставуваат премин од „секој си купува, инсталира и одржува свој сопствен софтвер и хардвер“ во „секој може да достапува до софтверот по потреба преку Интернет“.
Или, поспецифично, изразот Софтвер-како-Сервис означува апликации кои работат во е-облакот, наместо во самите простории на корисникот. Тие апликации се стартуваат и употребуваат по барање на корисникот, без потреба да се инсталира или одржува било каков друг софтвер или хардвер. Не постои физички продукт.
Достапот до апликациите е по пат на претплата, иако тоа не значи дека притоа мора и да се плати. Многу од СкС апликациите се бесплатни за користење.

Разликување на „Вистински СкС“

За жал, заради несоодветната и пречеста употреба на изразот и каде треба и каде не треба, СкС најчесто е погрешно разбран и од добавувачите на софтвер, но и од претприемачите-клиенти.
Во минатата деценија, моделите на испорака на софтвер минаа низ три јасно препознатливи фази:

Фаза 1. Локални инсталации (англ. on-site или on-premise),

Фаза 2. Оддалечен хостинг (или off-site hosting),

Фаза 3. Самиот Софтвер-како-Сервис.

Традиционални добавувачи на софтвер

Бидејќи СкС, пред сѐ, е дефиниран според моделот на испорака, а не технологијата која стои зад него, многу од добавувачите на софтвер кои ги хостираат своите апликации и дозволуваат достап до нив преку Интернет, се нарекуваат добавувачи на СкС.
Сосема погрешно: „Хостирано“ не е синоним со СкС.

Традиционалните софтверски производители кои, всушност, само ги хостираат своите локални решенија на Интернет, не можат да ги понудат истите предности како оние од Вистинскиот СкС; тие мораат да потрошат премногу ресурси на одржување на различните верзии на својот софтвер, како и инфраструктурата за негова поддршка. Бидејќи, најчесто, секој од нивните клиенти користи различна верзија, таканаречените (или „лажните“) СкС-добавувачи не се во можност ефикасно да ја делат инфраструктурата и оперативните ресурси.
Како резултат на овие неефикасности, нивните клиенти ја губат главната корист од делењето на ресурсите - намалените трошоци. Затоа, на крајот, токму клиентите ја плаќаат повисоката цена за одржување, надградби и прилагодување на софтверот.
Додатно, ваквите добавувачи се оптоварени и со нивниот модел на продажба, бидејќи зависат од приливот на средства за секој клиент посебно.
За да биде исплатливо, тие мораат однапред да продадат што поголем број на лиценци, како и годишно паушално одржување, со цел на своите клиенти да им овозможат надградби.
Тие немаат стимул да преминат на СкС, затоа што тоа би го поткопало нивниот примарен начин на приходување.

Основни карактеристики на Вистинскиот СкС

Иако, технички гледано, и СкС апликациите се хостирани на некој сервер, тие имаат една клучна разлика во однос на хостираните апликации: Вистинскиот СкС одржува иста кодна база за сите корисници. Оваа карактеристика е позната и како multi-tenancy.

Со други зборови, добавувачите на Вистински СкС развиваат, поддржуваат и нудат единствена верзија на софтверот за сите нивни корисници.
Ваквиот начин на работа дава можност за фокусирање на софтверските добавувачи на континуирано подобрување на софтверот и поголема иновативност.

Делливоста на ИТ инфраструктурата и оперативните ресурси значи уште една голема предност за клиентите: намалување на капиталните и оперативните трошоци на добавувачот, што директно се одразува во пониска цена на услугата.

Најчесто, добавувачите на Вистинскиот СкС усвојуваат политика на т.н. rolling updates, или постојано тековно инсталирање на надградбите на софтверот. Често, тоа се случува и неколку пати дневно.
Корисниците имаат голема корист од ова, затоа што постојано го добиваат најдоброто, реакцијата на нивните барање е инстантна, и - не малку важно - надградбите се вклучени во сервисот, без да бидат дополнително наплаќани.
Корисниците никогаш не остануваат „заглавени“ во некоја стара верзија на апликацијата, од која, подоцна, тешко (и скапо) може да се изврши надградба...

Модел на остварување на приходи
Основната разлика во приходниот модел помеѓу традиционалниот софтвер и Вистинскиот СкС е во начинот на плаќањето на услугите.
Како што рековме, поради повисоката цена на одржување, поддршка, нови верзии и надградби кај секој клиент поединечно, класичните добавувачи на софтвер се приморани однапред да наплаќаат лиценци со рок на траење, како и да склучуваат паушални договори за одржување.
Кај Вистинскиот СкС, најчест е моделот „плаќај како што користиш“. Нема лиценци кои се наплаќаат однапред и на одредено време, не е потребен посебен договор за одржување.
Клиентот може многу лесно и однапред да ги знае сите трошоци во одреден период. Скалирањето (нагоре и надолу), т.е. додавањето или одземањето на кориснички места е крајно едноставно и предвидливо, и вообичаено се извршува со кликнување на неколку опции. Билинг системот на добавувачот на Вистински СкС автоматски ќе ги прифати и примени промените.

Безбедност на достапот и на податоците
Бидејќи Вистинскиот СкС се базира на принципот на една верзија за сите, софтверските добавувачи исклучително внимаваат на безбедноста на достапот. Бидејќи ресурсите (серверите, диск-просторот) се делливи, тие подигнуваат еден вид „безбедносни ѕидови“ помеѓу своите клиенти, за да може да се оствари потполна приватност и доверливост на податоците на секој од нив.
Исто така, и самиот достап до апликациите е ограничен со различни видови на обезбедување, автентикација и авторизација, често со употреба на додатни „токени“, smart-картички, VPN мрежи, и слично.

По правило, сите апликации се хостираат во професионални data-центри од светска класа, а ресурсите се удвоени или утроени во слични центри, но на различни локации.
Се применуваат ригорозни режими за заштита на податоците (backup), во самиот центар, но и надвор од него.
Поради редундантноста на ресурсите, можат да бидат дадени гаранции за многу висок процент на оперативно време (uptime) и брзо опоравување од катастрофични ситуации (disaster recovery).

Постојат четири нивоа на обезбедување на податоците на клиентите:

  1. Безбедност на просторот каде што се наоѓаат -- Како е физички обезбеден самиот data-центар, заштитните копии и можностите за опоравување од катастрофични ситуации.
  2. Комуникациска безбедност -- Како се пренесуваат податоците, како преносот е обезбеден, и како е надгледувана мрежата за знаци од неовластен пристап или ранливост
  3. Апликациска безбедност -- Дали и како се надгледуваат серверите за неовластен пристап и/или ранливост, кој сѐ има достап до процесите, кои корисници до кои податоци имаат достап, итн.
  1. Безбедност на базите на податоци - На кој начин се чуваат податоците и како се обезбедени.

Директна споредба: „Вистински СкС“ наспроти „Наводен СкС“

Софтверските добавувачи кои нудат и локално инсталирани и СкС-апликации најверојатно не поддржуваат иста кодна база за сите клиенти (multi-tenancy). Тоа значи дека ги трошат своите ресурси на поддршка на повеќе различни верзии, наспроти употребувањето на ресурсите да внесуваат иновации во апликациите.
Затоа, кога клиентот размислува за користење на СкС решение , мора да се осигура дали софтверскиот добавувач е сосема посветен на „Вистинскиот СКС“ модел, бидејќи тоа е единствениот начин во потполност да се искористат сите негови проедности.

Прашање Наводен СкС Вистински СкС
Дали секогаш ќе ги користиме најновите и најдобрите верзии на софтверот? Само ако платите за надградба. Ако не, ќе останете на постара верзија. Да! Сите корисници секогаш ги користат најновите верзии на нашиот софтвер.
Дали надградбите и новите верзии се вклучени во претплатата за СкС Потребна е доплата за да ја добиете новата верзија Да! Тие се секогаш вклучени во цената на претплатата.
Колку често се добиваат нови верзии / функционалности? Секои 3/6/12 месеци, но можете и да прескокнете понекоја верзија ако сакате да заштедите Многу пати во текот на годината, дури и дневно! Секоја нова инсталација е тестирана и прилагодена на работењето, и не предизвикува прекини во бизнисот
Дали овозможувате конфигурациски опции или прилагодување на софтверот Овозможуваме прилагодување, но тоа бара додатни средства за поддршка
-- или --
Не овозможуваме прилагодување
Овозможено е конфигурирање и тоа е поддржано во текот на сите надградби.
Не се потребни додатни плаќања за новите прилагодби, тие се на располагање на сите корисници

Во истражувањето за овој текст, користени се материјали од Workday

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен