јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Дали е време за инвестирање во бизнис со е-трговија?

Објавено на од

Дали некогаш сте се запрашале каков е процесот на започнување на интернет продавница? Размислувате да ги продавате производите од вашата физичка продавница на интернет? Можеби пак имате интернет каталог за вашите производи?

Истражувајќи за тоа колку сопствениците на мали и средни бизниси се свесни за е-трговија во Македонија наидовме на многу застарени соопштенија за состојбата кај нас, кои навистина прават да се чуствуваме скептично за започнување на интернет продавница.

Заводот за статистика на 31 Октомври 2013 објави соопштение каде е пресметано дека скоро 182.000 поединци нарачале/купиле производи или услуги за приватна намена, т.е. 10.7% од интернет корисниците во Македонија.

До јуни 2013 бројот на платежни картички достигна 1,5 милион и се зголемува употребата на плаќање преку интернет, а во употреба се и повеќе напреднатите онлајн платежни процесори на банките. Овој факт кажува дека прогресивно се зголемува и бројот на потенцијални потрошувачи и откривање на нови интернет пазари.

Уште еден неофицијален извештај од македонските банки говори за растечкиот тренд во е-трговијата во Македонија. Бројките говорат сами за себе, на следниот приказ можеме да увидиме колку брзо се зголемува вкупниот годишен обрт на интернет продавниците кај нас.

Почнувајќи од 2010 кога имаме само 79.000 ЕУР годишен обрт, 2011 кога продажбата се зголемува за скоро 10 пати, обртот на средства расте за 150% секоја година. Според резултатите од Јануари до сега, Јуни 2014, се очекува дека обртот на средства до крајот на 2014 ќе биде 5.000.000 ЕУР што е за 65% повеќе од годишниот обрт за 2013. 

Факт е дека на Македонскиот интернет пазар постојот многу интернет продавници, но најголем број од нив се некомпетентни да ги задоволат потребите на потрошувачите или пак немаат квалитетно интернет решение кое ќе го максимизира искуството на потрошувачот. Истото е причина и за големиот број на затворени интернет продавници во Македонија.

Базирани на позитивното искуство на клиентите на Трговски Центар, каде некои имаат и милионски обрти на средства годишно, сметаме дека е време за инвестирање во бизнис со е-трговија. Постои се голема заинтересираност и релаксираност кај македонските потрошувачи да купат производи и услуги преку интернет.

Како се прави успешна интернет продавница или комплетен e-commerce бизнис? ТЦ.мк направи анализа за тоа тоа каков е процесот на создавање профитабилна интернет продавница и како изгледа комплетно интернет решение.


 

Дали вие мислите дека е-трговијата е во развој во Македонија?

После наведениот процес и извештај за ситуацијата во Македонија, што мислите, дали е време да се инвестира во е трговија? Дали e поисплатливо да развивате сами интернет решение или да користите веќе постоечка платформа?

Споделете ја оваа објава со вашите пријатели. Би сакале да го слушнеме и вашето мислење на оваа тема во секцијата за коментари.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање