јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Чекајќи го PayPal

Објавено на од

Да се надоврзам на написот во Утрински весник „Интернет-купувањето голем царински грев“ и на реакцијата на Panta Rei.

Проблемот со царината за нарачки од странство е реален и поплаките се сосема легитимни. Апсурден е соодносот на вредноста на царините за електронски нарачки и лично внесена роба преку граница. Сум за комплетно да се обработи проблемов, но и да се стави во перспектива на комплетната состојба со онлајн купувањето и трговијата во Македонија. Без таков темелен и комплетен пристап, се оди кон половични информации и решенија.

Она што мене ми влета во око, а како недостаток се провлекува во написот во Утрински, е игнорирањето на слонот во собата, односно домашната сцена со сите новини и поместувања во оваа област.

Покрај главната грижа за тоа колку е безбедно купувањето преку Интернет, што се рефлектира со синдром на „стегнато срце“ додека не пристигне производот.

Во ситуација кога за Македонците е достапен домашен гаранциски (Escrow) систем за онлајн  трговија, ваква генерализација не држи вода.

Срцето на локалните интернет корисници ќе остане „стегнато”, како што вели авторката на текстот, се додека истите, вклучувајќи ја и самата останат неинформирани.  Ако продолжи такво „стегнато“ да го чека PayPal на бел коњ, може и да не го дочека, бидејќи е очигледно дека на PayPal не му се брза.

Благодарение на фактот дека Тутунска банка е во сопственост на словенечката НЛБ, голем дел од граѓаните најдоа дупка во законот и успеаја да отворат „Pay pal“ сметка, внесувајќи ја Словенија како матична држава. Иако ова им е единствена надеж на граѓаните да купуваат посигурно и поедноставно на Интернет, сепак, според многумина, на долгорочен план не и' помага на Македонија.

Единствена надеж да купуваат посигурно и поедноставно?. Значи интернет трговија нема во Македонија? Факт, нема многу интернет трговци, но бројот расте секојдневно. Од нив може да се купува со секоја картичка оспособена за интернет. Згора на тоа предностите при купувањето во домашни продавници се бројни, од ефтината и брза испорака, гаранција која всушност важи, враќање и рекламации, escrow гаранцијата за задоволство и законска заштита на купувачите. Точно е дека понудата не е богата, но трговците се побрзо се анимираат, ова ние директно го искусуваме преку Трговски центар.

Од друга страна чекањето и пекањето по PayPal, како витез на бел коњ кој ќе го воведе онлајн шопингот за македонците, е губење време. Всушнот и PayPal за да не прими во своето друштво најпрво треба да се исполнат некои законски и пазарни предуслови. Со маргинализација на можностите во сопствениот двор, пазарот многу потешко ќе се развие, а PayPal ќе продолжи да не игнорира. Дури и еден  многу поагилен бренд за влез во различни држави, како Moneybookers, сеуште е далеку од Македонија. Странците отворено кажуваат дека засега немаат сметка да се замараат со ситен и неразвиен пазар.

Најпрво ние самите треба да си ја изградиме куќата за да примиме гости. Имаме локални процесори на трансакции, имаме трговци и имаме инфраструктура за онлајн шопинг. За да ни биде добро треба да погледнеме во сопствениот двор и самите да си помогнеме.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање