јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Бесплатна обука „Интернет трговија - предности и можности“

Објавено на од

При нашето досегашно работење утврдивме дека постои голема потреба од информирање, не само на широката јавност, туку и на самите трговци за можностите на интернет трговијата. Солиден дел од компаниите имаат веб страници, користат информатички системи, комуницираат преку електронска пошта. Но сепак, сеуште немаат добра претстава за можностите во полето на интернет трговијата. Една од причините кои ги увидовме во овој поглед е недостатокот на кампањи или проекти за едукација.

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ ја увиде оваа потреба и во соработка со Сојузот на стопански комори преку проектот „Градење на капацитетите за создавање економија базирана на знаење“ реши да спроведе бесплатна обука за интеренет трговија, првенствено за членовите на комората, но настанот е отворен и добродојдени се и сите останти заинтересирани.

Настанот ќе се одржи на 9ти април од 12.00 часот во просториите на Машински факултет, зграда за хомологација под работен наслов „Интернет трговија - предности и можности

На обуката ќе бидат претставени предностите на интернет трговијата, детални технички и инфраструктурни решенија, конкретни искуства на македонскиот пазар, проекции и анализи за потенцијалот на пазарот.

Ние како Трговски центар сме „виновни” за организирањето на овој настан па заедно со претставници од НЛБ Тутунска банка ќе се потрудиме да ја постигнеме нејзината цел. Конкретно, обуката ќе ја водиме јас (како основач и директор на Трговски центар) и Вељан Поповски (Помошник раководител - Пазарна аквизиција и менаџирање со проекти од НЛБ Тутунска).

Заинтересираните компании можат да го пријават своето учеството до среда 7 април на телефон: 02/3091-440 лок 104 или на fjovanoska@sojuzkomori.org.mk

Секако на обуката ќе се обидеме да одговориме на што е можно повеќе прашања од оваа област, но ако имате конкретна сугестија што не треба да испуштиме пишете подолу во коментарите, секој совет и препорака е од корист.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање