јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

B2B порастот наликува на B2C

Објавено на од


Додека B2C трговијата ужива во големото внимание кое и го посветуваат медиумите, B2B трговијата продолжува да генерира дури двојно поголеми приходи, како во САД така и на глобално ниво.

Влегувањето на B2B гигантите како Alibaba и Amazon во B2B трговијата го забрза трендот да B2B веб-сајтовите, се повеќе да наликуваат на B2C веб-сајтовите. Онлајн B2B трговците сега признаваат дека корисничкото искуство на клиентот во B2B околината е подеднакво важно како и искуството на клиентите за B2C.
Како резултат на тоа, очекувањата се зголемија и се повеќе B2B купувачи бараат едноставни кориснички искуства кој наликуваат на секојдневиот потрошувачки модел на купување.
Детални спецификации и описи на производите се од суштинско значење.


B2B пазарот

На глобално ниво, до 2020 година се очекува пазарот на B2B да биде двапати поголем од оној на B2C $6.7 трилиони наспроти $3.2 трилиони, според истражувањето спроведено од Frost & Sullivan. Компанијата исто така предвидува дека Кина ќе се појави како предводник на врвот со пазар од продажба кој би изнесувал некаде околу $2.1 трилиони. Според друго истражување на Forrester Research, бизнис приходите од B2B онлајн трговањето во САД до крајот на 2015 година се очекува да изнесуваат приближно 780.000.000.000 $, што е веќе приближно двојно повеќе од B2C приходите. Оваа бројка е само 10% од вкупниот број на трансакции на глобално ниво и таа се очекува да се зголеми како што B2B расте и се повеќе повеќе компании мигрираат онлајн.

Forecasts from 2013 

B2B Бизнис модели

Постојат различни B2B е-бизнис модели и најдобриот избор секогаш зависи од фактори како големината и сложеноста на компанијата и експертизата која таа ја има на располагање.

One to many – Најчесто компаниите имаат свои интернет B2B продавници, каде што клиентите можат да купат стоки. Индустрискиот снабдувач Grainger, една од првите каталог компании која почна да работи онлајн, го користи овој модел.

Grainger was one of the first B2B catalog companies to move online

 

Many to Many – Овој модел вклучува повеќе компании кои работат во еден поширок круг на онлајн пазарот. Ова може да биде приватен пазар, во кој неколку компании може да формираат затворена мрежа, или пак јавен пазар, кој е отворен за сите (некои критериуми и услови за вклучување може да постојат) и обично е управуван од трето лице со признато име и маркетинг и логистичка експертиза. Amazon Business и Alibaba се примери на јавните пазари.

 

Трендови

B2B онлајн купување ќе се зголемува како што многу претпријатија и софтвер продавачи прават мобилни верзии за нивните продавници и производи кои им се на располагање од една страна и вработените во компании купувачи кои ги користат паметните телефони и таблети да за да купат одредена стока насекаде и во секое време.

Според Форестер, B2B компаниите може значително да ги намалат трошоците за продажба - до 90 отсто - водејќи ги клиентите во онлајн самопослужувачка околина.
Во истражувањето на Forrester во 2013 година, 52% од извршните директори во B2B компании кои биле анкетирани, се изјасниле дека со мигрирање на поранешни офлајн купувачи кон онлајн купувањето успеале да ги намалат своите трошоци за подршка на своите клиенти. Grainger, пионер во B2B онлајн трговијата, изјави дека 94% од своите приходи во 2014 година ги оствари од онлајн продажбата.

Разлики сеште постојат помеѓу B2B и B2C е-трговијата, цените се нестабилни и често се менуваат, попусти на големо се сеуште тука, како и специфични цени за специфични клиенти. Импулсното купување веќе не постои. Сепак некои карактеристики на B2C купувањето ги заземаа своите места на B2B веб-сајтовите. Некои од нив се :

Персонализација и прилагодување
Интерактивни каталози
Мислења од корисници
Пристап до инвентарот во реално време

Многу B2B купувачи сега претпочитаат да истражуваат производи и да купуваат онлајн.
Силниот раст се очекува да продолжи во наредните 5 година, особено со купувањето преку мобилните уреди.

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен