јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

Афилиjaтивна мрежа со која се заработува

Објавено на од

Афилијативната мрежа е еден од најдобрите начини на заработка преку интернет. Овој тип на интернет маркетинг стана многу популарен и неговата популарност расте правопропорционално со растот на електронската трговија во светот. Афилијативниот маркетинг е добар начин за заработка на пари доколку сте сопственик на веб сајт или имате интернет продавница.

Трговецот е сопственикот на интернет продавница која за свои производи му доделува процент за направена нарачка која потекнува од посета од веб сајтот  на афилијативниот промотор. Афилијативниот промотор(сопственик на веб сајт/блог/портал) за зададениот процент на секој можен начин го промовира и продава производот на трговецот поставен во афилијативната мрежа. Значајно за афилијативниот промотор е да има таргетирани читатели за да има продажба. Афилијативната мрежа носи таргетирани купувачи спрема интернет продавницата на трговецот а афилијативниот промотер за возврат добива процент од самата онлајн нарачка.

Потенцијалниот купувач кој го посетил веб сајтот и е пренасочен од веб-страната на афилијативниот партнер кон интернет продавницата на трговецот и притоа тој извршил акција (нарачка на производ), афилијативниот промотер добива одреден процент(кој го одредува трговецот) од трговецот за извршената продажба. Погледнете ја следната слика која визуелно го објаснува афилијативниот модел.

Афилиејт модел диаграм

Кога ќе се изврши нарачката, доделената провизија која ја одредил трговецот на производот се трансферира на сметката на партнерот како награда за пренасочениот купувач. На овој начин задоволни се сите три особи бидејќи сите го добиваат она што го посакуваат:

a) Трговецот има зголемена продажба на неговите производи
b) Афилијативниот партнер добива процент (комисија) за секоја продажба преку неговиот сајт (линк)
c) Купувачот го добива  посакуваниот купен продукт.

Трговски центар го пушти во употреба афилијативниот систем со цел да се зголеми интернет заработката на трговците и сопствениците на вебсајт.

Афилијативната мрежа е добар канал за заработка бидејќи ја гледате аналитиката на Google Analitics, Analog, StatCounter на вашите посетители и знаете како да ги таргетирате вашите читатели. Друга причина поради која афилиејт маркетингот е одличен начин на заработка е тоа што продажби може да очекувате 24/7, бидејќи целиот процес се одвива онлајн.

Како да станете афилијативен партнер?

За да станете афилијативен партнер потребно е да имате вебсајт на кој ќе ги прикажувате производите и трансакциска сметка каде ќе ви стигаат приходите од продажбата на производите.
Секој афилијативен партнер креира сопствен профил каде ќе може да ги креира, уредува листите на производи, да има преглед на моменталната парична состојба и прати аналитика за кликовите и продажбите од неговите производи.

Админ панел на афилијативната програма

Блок копче

Во блок копче се прилагодува  блокот со производи кој што ќе го прикажите на вашиот вебсајт или блог. Овде има повеќе опции. Како прво  имате визуелен приказ на моменталната состојба на блокот со производи и со секоја промена во опциите подоле, динамички се менува и тој.

Афилиејт карусели

Потоа има прилагодување на стилот на блок како димензија (има 5 димензии во овој момент), дали да се прикажува цена, рамка и попусти, боја на наслов и боја на позадина.

Во следниот дел одбирате кои производи ќе се прикажуваат во вашиот блок. Има три начини на одбирање на производи: според филтри, според листа на производи и според историја. Секој начин потоа има неколку опции кои му даваат на корисникот потполна контрола на она што ќе се прикажува  во неговиот блок.

На крај од овој копче има опции за прикажување на бројот на производи во блок како и бројот на видливите производи.

Аналитика

Аналитиката дава детален приказ (визуелен и текстуален) на вашата заработка, бројот на кликови како и бројот на продажби. Во аналитиката исто така се филтрира според одреден производ, а има можности и за вкупен визуелен приказ на сите производи. На овој начин афилијативниот промотор ќе знае кои производи од прикажаните на неговата веб страна се најпродавани. Имајќи ги тие информации во предвид, тој е во можност да спроведува посебни кампањи за одредени производи со цел да ги зголеми своите приходи.
Важно е да се напомене дека постојат специфични производи кои се купуваат во одреден период од годината како на пр. Побарувачката за шпорети се зголемува со завршувањето на летото и почетокот на есента и трае до завршувањето на зимата.

Сметка

Наредното копче Сметка е она што најмногу би го интересирало афилијативниот промотор, т.е. неговата месечна заработка, збирната заработка и исплатите. Парите се исплаќаат на неговата трансакциска сметка која што ја внесува при регистрацијата на системот.

Ако сте претпријатие кое е во потрага по зголемување на продажбата, Мега понудата од Тотал пакетот е вистинското решение за вас. Таа ви ги обезбедува сите услуги кои ви се потребни во таа насока, поточно целосна онлајн контрола врз вашиот систем на работа. Мега понудата е единствената од пакетот која ја нуди опцијата брендирана афилијативна мрежа со чија помош зголемувањето на свесноста за брендот е загарантирано.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање