јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

8 трикови за промоција на продуктите на социјални медиуми

Објавено на од

Користете графички дизајни

 

Една слика вреди илјада зборови, така? Искористете слики (дури и видеа) со висок квалитет за да ги истакнете своите продукти. Не користете обични досадни фотографии за ова. Пример, доколку вашиот бизнис е облека, користете слики каде што луѓе ја носат вашата облека. Можете да користите и графички дизајни со малку хумор во нив или да ги истакнете нивните квалитети преку инфографици.

 

graficki_dizajn

 

Почнете порано со промоција

 

При лансирање на нов продукт, не чекајте во последен момент со објавите на социјални медиуми. Почнете многу порано со промоција на истиот, ова може да го постигнете со кратки видеа, сцени за време на развивање на истиот и тизери. Луѓето се привлечени кон мистеријата, затоа не ја откривајте вашата тајна веднаш. Постепени објави ќе помогнат да се зголеми редицата кога ќе го пуштите официјално продуктот.

 

promocija

 

Креирајте деловни врски

 

Социјални медиуми се со причина. Имајте на ум дека константа промоција на продукти и продавање само ќе им досаѓа на вашите клиенти. Започнете со креирање врски со вашите следачи. Имајте позитивна интеракција, давајте фидбек, постепено запознавајте ги со вашиот бизнис но чекајте го правилниот момент за да им продавате. Штом забележите дека фидбекот и интеракцијата е на позитивно ниво, почнете со промоција и продавање на продукти. Внимавајте само да не отидете во екстреми (одржување на врски да премине во константно продавање и промоција на продукти).

 

delovni_vrski

 

Промовирајте продукти преку блогери

 

Луѓето внимаваат на тоа што пишуваат блогери. Не оставајте мислењата за вашиот продукт да ги диктира назначениот дел на вашата веб страна до продуктот. Со промовирање на овој начин добивате виралност и конструктивни мислења кои луѓето ги гледаат како нешто повеќе од обични зборови и ‘есеи’ на интернет. Можете сами да им пријдете на блогерите или да користите платформи наменети за ова.

 

blogiranje

 

Покажете ја вашата опуштена страна

 

Прво нешто на кое внимаваат луѓето кога отвараат социјални медиуми е дали тоа што го читаат/гледаат ги забавува. Никој не сака да чита/гледа постови кои ќе му бидат досадни или ќе го напнуваат. Пишување досетки, поставување смешни слики поврзани со вашиот бизнис се само почеток. Бидете креативни, но не претерувајте. Внимавајте дали вашиот бизнис може да си дозволи понекогаш да биде опуштен и несериозен кога станува збор за социјалните медиуми.

 

socijalni_mediumi

 

Специјални понуди

 

Една од поентите зошто да се продава на социјални медиуми е за публиката да се чувствува посебно.  Лојалност се гради со понуди кои се ексклузивни за корисниците на социјалните медиуми. Пробајте со споделување купони, ограничени попусти или организирајте ексклузивни натпревари. Само не ги нудете истите промоции на секој канал бидејќи така се губи поентата.

 

specijalni_ponudi

 

Споделувајте ги мислењата на клиентите

 

Да, ги имате блогерите, но и мислењата на купувачите се важна работа. Сепак, тие го имаат купено и користено продуктот. Купувачите сакаат да видат мислења при барање на продукти, тоа знае да биде една од клучните работи при одлуката на купување. Истите мислења можете да ги споделувате и на социјалните медиуми, тие добиваат виралност и клиентите ги гледаат позитивно. Не е страшно ако се имаат и негативни мислења, се случува. Важно е поголемиот дел од нив да се позитивни и конструктни критики.

 

recenzii

 

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен