јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

8 препораки за безбедно купување на Интернет

Објавено на од

безбедно купување, сигурност, комоција при купувањеВо последно време добивме интересни можности за купување производи или нарачка на услуги преку интернет и од Македонски фирми и продавници. За да помогнам во разбивањето на митот за несигурноста на купувањето на интернет, еве листа препораки кои јас досега сум ги практикувал, а со чие следење купувачот би требало да биде позаштитен или обештетен при евентуални проблеми co нарачките од Интернет.

Препорачливо е сите сопственици на картички (кредитни и дебитни) да ги имаат на ум и општите правила и совети за безбедно користење на картичките кои минатата година фино ги имаа подредено It.com.mk. Понатаму, конкретно, за купување на Интернет пожелно е да ги имате предвид следните препораки:

  1. Купувајте од угледни продавници. Внимателно проучете ја интернет продавницата од која купувате. Осигурајте се дека е вистинска продавница, а не сајт за прибирање податоци. Прочитајте ги општите услови, политиките за приватност и испорака.
  2. Проверете кој стои зад трансакцијата на продавницата, и доколку имате познавања, какво техничко решение користи. Бидете внимателни доколку продавницата ги процесира трансакциите преку недокажан процесор на трансакции или комплетно се базира на аматерско техничко решение.
  3. Проверете ги податоците за контакт и податоците за правното лице. Колку повеќе податоци има и колку повеќе се достапни за контакт толку подобро говори за сериозноста на продавницата.
  4. Проверете какви се вашите права во случај на незадоволство од услугата или изостанување на услуга. Трговецот треба да ви гарантира права најмалку колку пропишаните во Законот за заштита на потрошувачите.
  5. Посредување при рекламациите и гаранција на услугата е секогаш во ваша полза. Тоа се вика escrow и е слично на услугата што ја овозможува PayPal и нашиот Трговски центар www.tc.mk. Нарачките кои се покриени со такви услови се значително посигурни од директните нарачки од трговецот. На тој начин сте заштитени од несовесни трговци.
  6. Користете картичка од банка која има добра подршка. Имајте на ум дека и банката стои зад вас, односно можете да оспорите нарачка која не  сте ја направиле или не ви е испорачана соодветна услуга/производ.
  7. Чувајте ги сите податоци и документи за вашите нарачки, за евентуална рекламација или оспорување на нарачката.
  8. Осигурајте се дека се користи енкрипција во крајните фази од креирањето на нарачката. Енкриптираните страни започнуваат со https:// и има катанче во аголот на прелистувачот.

Листава ја составувам од искуство и верувам со тек на време ќе се дополнува. Секако и вие дополнете некоја од моиве или посочете нова препорака. Јас досега не сум имал непријатни искуства со купување на интернет, но од сам почеток бев внимателен, но не и уплашен :)

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен