јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

8 основни елементи за добра веб-продавница

Објавено на од

Во моментов во Макеоднија има 50-тина сајтови преку кои може да се купуваат (платат со картичка) производи и услуги (листа на НЛБ_Тутунска, листа на УниБанка). Од нив, над 30 се продавници на Трговски центар. Оваа бројка продолжува да расте со засилено темпо, со што квантитетот е веќе извесен.

Но само квантитет не е доволен за стабилен развој, внимание мора да се посвети и на квалитетот на самите продавници. За таа цел издвоивме 5 + 3 клучни елементи кои од досегашно наше искуство се покажале како основен предуслов за добро функционирање на една веб-продавница:

1. Каталог
Мора да имате добро организиран каталог на своите производи. Неговото поврзување или копирање во интернет продавницата е следниот чекор. Грижата за залихата е пресудна, таа мора да биде прецизна и навремена. На интернет се продава 24/7. Производите во каталогот мора да имаат детални описи и доволно детални фотографии кои ќе успеат максимално да го опишат производот . На интернет не може да го фатите производот во раце :).

2. Испорака
Во зависност од производите кои ќе ги продавате мора да внимавате на промените на организациската поставеност во рамките на испораката. Прво, кој ќе биде задолжен да ја извади од кај вас нарачката и секако кој ќе ја достави до нарачателот. Може вашата компанија ова да го прави со години, но кога станува збор за интернет нарачки сепак потребни се адаптации во начинот на кој ги организирате овие работи.

3. Администрација
Продажба си е продажба, мора да има некој да ја администрира. Зад целиот систем сепак мора да стојат луѓе организирани со прецизни бизнис процеси. Хартиената документација мора да биде добро дефинирана и квалитетно да се архивира, на крајот на краиштата тоа е и законска обврска. Дополнително, квалитетно архивирање, подоцна, овозможува и квалитетна анализа, а понатаму и преземање чекори за унапредување.

4. Грижа за корисници
Според искуството на најдобрите светски онлајн продавници, грижата за корисници е клучна во зголемувањето на продажбата и одржување на константен пораст. Грижата за корисници се остварува преку системите за осигурување на задоволството и преку двонасочната комуникација на разни канали. Кога веќе сте решиле да продавате на интернет, едноставно мора убаво да го исплнирате овој дел, инаку тешко дека ќе може да очекувате брз напредок.

5. Промоција
Ако веќе сте решиле да продавате на интернет ви треба и соодветна интернет маркетинг стратегија. Фокусот мора да паѓа на двата главни аспекти: промоција на самата интернет продавница и промоција на нејзините производи. И за двете работи мора да разработите детални планови и да дефинирате алатки на промоција за најефективно искористување на широката палета канали кои стојат на раполагање. Само да наброиме неколку: е-информатор (newsletter), контекстуално огласување, социјални медиуми, стандардно банер огласување и сл.

Доколку овие основни работи не се поставени на здрави нозе верувам дека и најдоброто техничко решение нема да ги реши основните предизвици. Но сепак нам ни преостанаа уште 3 елементи кои помалку или повеќе се врзуваат за техничките делови од продавницата.

6. Софтвер за веб продавница
Основни делови на софтверот се јавните страни на продавницата (веб сајт), страни за управување со каталогот и со нарачките. Како 'рбет на веб продавницата, софтверот има големо влијание врз нејзиниот квалитет и успех. Лош избор на софтвер може да ги одврати купувачите, да ја отежни адмистрацијата и да го закочи техничкиот развој. Во идеален случај софтверот ги автоматизира сите административни задачи во продавницата и може ефективно да ги опфати сите точки наведени во оваа листа.

7. Наплата од картички
Според истражувањето на Nielsen, кредитните картички се далеку најзастапен начин за плаќање на интернет. Според тоа секоја продавница треба да има квалитетно решение за наплата, кое е добро интегрирано со нејзиниот софтвер. Исто така важно е решението за наплата да е поддржано од што е можно поквалитетен систем за заштита од измами (fraud management).

8. ИТ поддршка
За самата платформа и нејзината околина неопходна е поддршка од ИТ специјалисти. Сигурноста, надградбата на функционалности, освежувањето на продавницата, одржувањето на стабилноста и перформансите на системот бараат професионална грижа. Сепак, станува збор апродавница во која купувачите треба да се чувствуваат удобно.

Во основа, без разлика дали се користи сопствено решение или решението на ТЦ.мк, без сериозен пристап на самиот трговец ниту една продавница не може да го достигне потенцијалот. Горните точки нека послужат како една почетна ориентација, понатаму, веруваме, дека во работата секоја интернет продавница ќе си развие сопствена формула за успех.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен