јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

7 причини за оптимизација за интернет пребарувачи - СЕО

Објавено на од

Досега сигурно сте слушнале за оптимизација за пребарувачи или SEO (Search Engine Optimization). И сигурно сте убедени дека SEO работи многу добро за различни видови на онлајн бизниси. Она што најверојатно се прашувате е зошто SEO-то е толку моќно.

Токму затоа го напишав овој извештај – да се покажат 7 причини зошто треба имате оптимизиран веб-сајт и да се види зошто SEO-то е можеби најдобрата интернет маркетинг техника.

Се повеќе SEO специјалисти ги споделуваат цифрите на нивните приходи од приватниот бизнис кој се базира на оптимизација за интернет пребарувачи.

Повеќето од нив предходно не успеале да ги убедат менаџерите или нивните претпоставени за вредноста на SEO-то и важноста да се прошири буџетот за СЕО во склоп на компанијата.

Целосно докажаа дека оние кои не ги послушале, згрешиле во тој момент.

Овие прашања се опфатени во овој напис - почнувајќи со повеќето релевантни причини зошто вклучувањето на SEO во вашиот маркетинг план е добра идеја.

1. SEO не е трошок туку инвестиција

Инвестиција со висок поврат. На пример со SEO анализа на вашиот вебсајт, може да забележите дека некои страни со одредени клучни зборови имаат големи конверзии, а истовремено не се рангираат на првата страна на Google за тие зборови. Во ваков случај имајте во предвид  дека испуштате двојно или тројно поголеми приходи.Оптимизација за пребарувачи за вашиот бизнис

Листање на вашиот сајт на една од првите 3 позиции во резултатите на пребарувачите, каде што има најголем број на кликови, може да обезбеди голем поврат на вашата скромна инвестиција за SEO. Затоа оптимизацијата за пребарувачи, покрај се, најчесто се поврзува со онлајн продавници или разни видови на интернет трговија. Мала инвестиција, големи приходи.

2. SEO влијае на циклусот пребарување/купување

Оптимизација ќе ги зголеми продажбите без пропорционално зголемување на маркетинг трошоците, а со тоа профитот ќе расте експоненцијално со текот на времето.

Оптимизацијата понатаму ќе ги унапреди вашите бизнис цели со неверојатно добар повраток на инвестицијата отколку повеќето други слични форми на онлајн маркетинг, поради ефектот на поголеми конверзии и повеќе продажби преку органски сообраќај (таргетиран сообраќај кој доаѓа од пребарувачите, пред се од Google).

Не претпоставувајте дека секој има слушнато за вашиот бренд или дека вие сте најдоброто место за купување во одреден маркет, бидејќи тоа  може да биде многу скапо да ве чини. Луѓето постојано пребаруваат за подобри зделки, прават споредби помеѓу производите и во тешки финансиски времиња, навистина ги трошат своите пари претпазливо.

SEO игра важна улога во циклусот на пребарување и купување. Навидум изгледа како магнет т.е. ги привлекува потенцијалните купувачи преку соодветни клучни зборови и фрази за koи е рангиран вашиот сајт “високо” во резултатите на пребарувачите, а за кои веќе има задоволителна побарувачка за тие клучни зборови.

СЕО Оптимизацијата за пребарувачи е да се биде онаму каде што се вашите клиенти, насочувајќи ги кон решенијата или сервисите што ги нудите.

3. SEO е клучен дел од вашиот маркетинг микс

Оптимизацијата за интернет пребарувачи, како еден сегмент, не може да ви помогне да го достигнете највисокиот маркетинг потенцијал.

Друштвените мрежи, брендирањето и други маркетинг стратегии треба да бидат вклучени и да ја надополнат оптимизацијата за пребарувачи. Таквиот микс од маркетинг стратегии

ќе го издигне вашиот бизнис на високо ниво...многу брзо.

Доколку сте лице одговорно за маркетинг стратегијата фирмата, вашиот предизвик не е да бирате една или друга стратегија, која е подобра а која послаба, туку целосно интегрирање на SEO-то во вашиот маркетинг микс.

4. Оптимизација ќе ви помогне вашиот сајт да биде пронајден од луѓето кои пребаруваат

Вашиот вебсајт е првата точка на контакт со вашата публика на интернет. Тоа значи привлекување на потенцијални нови клиенти, партнери или инвеститори.

Но доколку луѓето не можат да го најдат, вашиот сајт не значи ништо. SEO игра непроценлива улога тука. SEO Оптимизацијата веќе не е само рангирање на еден сајт во резултатите од пребарувањето, добивање на повеќе кликови и прегледи на страната, или чување на 'Bonce Rate' оптимално. Модерна и ефикасна оптимизација треба да се вкорени во целите и стратегијата на една компанија, и да се посвети внимание на психологијата на поединците во целниот пазар и сегмент. Оптимизација овозможува вашиот бизнис да биде забележлив и посакуван.

5. SEO-то го зголемува социјалното споделување

Дали сте ангажирани во друштвените мрежи како  Фејсбук? SEO игра важна улога тука. Содржините споделени од страна на корисниците на социјалните мрежи се директно поврзани со  специфични параметри во оптимизацијата како насловот и мета описот. Ова е она што го гледате кога луѓето споделуваат мислење или содржина на нивниот ѕид од Google +, Твитер или Фејсбук профилот. Тука голема улога игра личноста кој е задолжена за креирање на мета таговите на страната. Потребно е тој да ја разбира психологијата на луѓето, да знае што луѓето сакаат, што споделуваат со останатите и кои фрази, зборови или цели реченици во зависност од контекстот, имаат поголема рата на кликање.Оптимизација за пребарувачи и социјални мрежи

Преку оптимизација можете да контролираате што ќе прочитаат луѓето, како би размислувале и како работат на социјалните мрежи, а тоа ќе ви помогне вашата содржина да се прошири по мрежата со брзина на светлината или поточно кажано вирално.

6. Оптимизацијата за интернет пребарувачи е процес кој паралелно се одвива со изградбата на сајтот.

Откако сте потрошиле одредени средства на вашата нова веб страна (и тоа е одлично), последно нешто што сакате да го слушате е консултантот кој ви сугерира да инвестирате уште повеќе пари за вашиот сајт да биде видлив во пребарувачите.

Но на Google му треба помош да го разбере на вашиот бизнис. Оптимизацијата која е ефикасно вметната во ДНК-то на вашиот сајт може да му помогне на вашиот бизнис да се прикаже во пребарувачите во најдобро можно светло.

Најтешко за еден SEO консултант е кога ќе биде повикан да интервенира на веќе изграден веб сајт, од таква природа да мора да направи тотална реконстуркција на истиот. Реално работите не функционираат така. Куќата не се гради од покривот, туку прво се поставуваат темелите. Паралелно со темелите се размислува или веќе е купен материјал за наредната фаза на градење.

Земање на оптимизацијата во предвид  дури и кога се планира структурата на сајтот, CMS-то, синтаксата на URL-то и дизајнот ќе даде најдобри резултати за вашиот бизнис.

Иако консултантот може да ви помогне(и тоа многу), дури и ако ги почнете работите во обратен редослед, сепак ќе биде потребно повеќе време, пари, напор, и многу реконструкција за да дојдат работите во нормала подоцна.

7. SEO-то  гради доверба и кредибилитет

Оптимизацијата за пребарувачи го прави вашиот бренд силен и добро препознатлив. Крајната цел е кога луѓето бараат за клучни зборови или фрази околу кој е изграден вашиот сајт, и истот треба да се појавува во горниот дел од резултатите за пребаруваните зборови. Потоа стапува на сила психологијата кај луѓето т.е. високата позиција потсвесно им зборува дека вие сте најдобрите и вас може да ви веруваат.

Наслов на вашиот вебсајт и мета описот може да дадат до знаење за големината на вашиот бренд, а истовремено помагаат во маркетинг комуникацијата со потенцијалните клиенти, во согласност со вашите стратешки и деловни цели.

Денес Google е најпопуларен веб пребарувач и сите пребаруваат во него. Ако вашот бизнис (читај вев-сајт)се наоѓа на врвот од резултатите, тоагаш сте на вистински пат да го зголемите вашиот кредибилитет. Ако сте онаму каде се вашите клиенти, во вистински момент, со вистински решенија, победата ќе биде голема.

Но, да се биде таму е само дел од сложувалката. Ви треба повеќе. Мора да влезете во главите на вашите потенцијални купувачи. Зборувајте го нивниот јазик. Чувствувајте ја нивната болка или нивните потреби. Предложете им решение. Сепак SEO-то носи таргетирани корисници. За тоа дали сте успешни во вашата крајна цел (продажба или сервис) зборува конверзијата за која детално ќе стане збор во некоја наредна статија.

comments powered by Disqus

Испрати прашање

Испрати прашање