јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

6 Маркетинг трендови на социјалните медиуми за 2015

Објавено на од

Како што се приближува 2015-та година, кои маркетинг трендови кај социјалните
медиуми ќе се развиваат? Ќе наведеме шест од нив кои онлајн трговците треба да ги следат.

1. Таргетирани социјални мрежи ќе бидат во подем



Главните социјални мрежи како што се, Facebook, Twitter и LinkedIn ќе се соочат со предизвици
наметнати од помалку познати социјални медиуми во 2015. Пример за тоа е Ello, социјална
платформа која што сеуште е во бета-верзија и која што го привлекла големо внимание посебно
од оние кои што го следат развојот на социјалните медиуми.

Неговото креирање покажува на голема загриженост кај големите играчи: таргетираните
социјални мрежи, како што се  Snapchat и Path.

Понатаму се појавуваат и социјални мрежи кои се однесуваат на различни интереси, како
што се Froodie, таргетирана социјална мрежа за љубителите на храна и Fitocracy, сајт кој
што е посветен на фитнесот. Polyvore и Kaboodle пак се мрежи кои што се занимаваат стриктно
со социјален шопинг.



2. Google+ ќе биде во опаѓање



И покрај тоа што има бројни корисници,  Google+ нема да стане значаен фактор кај маркетингот
на социјалните медиуми, бидејќи бројот на корисниците ќе почне да се намалува.
Заминувањето на главниот основач на Google+ Vik Cundotra на почетокот на оваа година, како и
неуспехот со Google Authorship, укажува на тоа дека социјалната мрежа полека почнува ја губи контролата.

3. Рекламирањето на социјалните мрежи ќе се усовршува



Практично секоја социјална мрежа вклучува и рекламирање. Ова е посебно се однесува на Facebook,
Twitter и LinkedIn. Додека пак Pinterest, Instagram и Snapchat исто така експериментираат со                       можностите за рекламирање.

Употребата на таргетирани реклами на Facebook, во комбинација со можноста трговците да ги прикачат
базите на податоци за нивните клиенти, преку употребата на Custom и Lookalike Audiences, укажува на       намерата на Facebook да го направи рекламирањето интегрален дел од платформата.

Tailored Audiences на Twitter, кој што промовира релевантна содржина на корисниците кои што покажале
интересирање, укажува на сличен приоритет и кај оваа платформа.

4. Експериментирањето со трговијата кај социјалните  медиуми е во пораст



Изминатава година, и Twitter и Facebook експериментираа на повеќе начини за да ја интегрираат               трговијата кај нивните платформи. Twitter ја претстави Product Cards, која што е дизајнирана да ги прикаже производите преку слика, опис и други поважни детали за производот.

Како дополнување на тоа, двете мрежи ја тестираат употребата на таканаречените "Buy" копчиња кои повикуваат на акција, кои што се појавуваат покрај одредени твитови и постови, со цел да се насочи процесот на купување на онлајн купувачите.

5. Користењето на социјални мрежи базирани на слики ќе биде во подем



Мрежите како што се Pinterest, Instagram, Snapchat и Vine се во постојан пораст, тренд којшто се очекува да продолжи и во 2015-та година. Благодарение на филтерирањето на Facebook News Feed, кој што го ограничува бројот на изложувања кои што ги добиваат бизнисите, трговците беа принудени да најдат други начини за промовирање на нивните производи. Можните опции се Instagram и Pinterest, од кои ниедната од нив не користи алгоритам за мерење на тоа што луѓето го гледаат.
Маркетерите најверојатно ќе го посочат Instagram како најдобар пример за визуелна мрежа. Според еден индустриски извештај, маркетерите кои што вложуваат 40 или повеќе часови неделно во социјални медиуми се повеќе фокусирани на Instagram отколку порано и планираат да ја зголемат употребата на платформата за 49 проценти во 2015-тата година.

6. LinkedIn ќе доминира во B2B маркетингот



LinkedIn е веќе водечка бизнис-кон-бизнис социјална мрежа и таа доминантност ќе продолжи и во 2015-тата година. По некоја пресметка, околу 88 проценти од B2B маркетерите веќе го користат овој сајт, и воведувањето на платформа којашто им овозможува на корисниците да креираат пообемна содржина, што го диференцира од останатите социјални мрежи, единствена која што примарно се наменета за бизнис корисници.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен