јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

6 корисни алатки за мерење аналитика на социјалните мрежи за подобра онлајн продажба

Објавено на од

Растот на обемните податоци ги натера трговците да ги направат анализите на податоци поефективни, се со цел да се дојде до поинформирани и поквалитетни маркетинг одлуки. Поради големата количина на достапни информации, социјалните мрежи се важни канали кои треба да се следат. Некои компании ја воочиле оваа потреба, па затоа започнале со производство на одредени алатки. 

Следуваат 6 водечки аналитички алатки за социјалните мрежи, за кои не се потребни големи инвестиции, или пак се бесплатни. 

1. Social Report - алатка за интернет трговија

Благодарение на способноста да интегрира и да следи податоци од Shopify, eBay и Etsy, Social Report е една од двете аналитички алатки на листава кои се дизајнирани за компании кои се користат со е-трговија.

Social Report исто така следи социјални мрежи, вклучувајќи ги Facebook, Twitter, LinkedIn, and Google+, како и страните Vimeo, Reddit, Xing, and Slideshare.



2. Social Mention - алатка за однесувањето на корисниците на социјалните мрежи

Social Mention е бесплатна аналитичка алатка која служи за пребарување по блогови, микроблогови, социјални страни за селектирање, слики и видеа. Иако недостигаат спецификации кои може да се најдат на други платформи, сепак оваа алатка е идеална при брзо пребарување на името на брендот или производите на некоја компанија.



Дополнително, освен резултатите при пребарување, Social Mention ги обезбедува следните мета податоци.

Strength. Веројатноста да се зборува за одреден бренд на социјалните медиуми.
Sentiment. Соодносот помеѓу позитивните и негативните спомнувања.
Passion. Степен на застапеност на брендот мерен во спомнувањата кои се повторуваат.
Reach. Ниво на влијание на брендот

Исто така се внимава и на врвните корисници, клучните зборови, хаштаговите и изворите.
Корисниците кои сакаат да водат сметка на постојаните активности на социјалните медиуми кои се однесуваат на нивниот бренд можат да ги превземат извештаите како .csv file или да ги следат постојаните ажурирања преку e-mail предупредувања или RSS.

3. Simply Measured - алатка за социјалните мрежи

Simply Measured, аналитичка алатка дизајнирана за големи компании и маркетинг агенции, се наплаќа многу повеќе од тоа што некои трговци може да си дозволат. Сепак таа е дел од оваа листа само поради тоа што нуди повеќе корисни бесплатни извештаи, како:

• Twitter followers;
• Twitter customer service analysis;
• Facebook Page, Google+ and LinkedIn Company page data
• Facebook content analysis, Insights, and competitive analysis;
• Vine Tweet analysis and Instagram user data.



На пример, извештајот за следбеници на Twitter се состои од демографски податоци на следбениците, Кlout резултати за нивната влијателност, најупотребувани клучни зборови и теми и листа на највлијателните следбеници.

4. Cyfe - алатка за подобрување на бизнисот

Доколку алатките кои се способни да ги анализираат податоците од социјалните медиуми не се доволно импресивни, тогаш што велите за алатка која ги комбинира сите ваши бизнис податоци на една контролна табла?

Cyfe е бизнис апликација која им овозможува на трговците да ги контролираат и анализираат не само социјалните медиуми, но и сите други форми на бизнис податоци на едно место.
Во продолжение следи листата на категории:

•   Рекламирање (Google AdWords, AdSense, Marchex).
•   Блогирање (WordPress).
•   Email (AWeber, Constant Contact, Gmail, MailChimp, and others).
•   Контрола на бренд (Google Alerts, Google Trends, Pingdom).
•   Продажба и финансии (FreshBooks, Infusionsoft, PayPal, Salesforce).
•   SEO (Google Webmaster Tools, Moz, SERPS.com).
•   Социјални медиуми (AddThis, Facebook, Google+, LinkedIn, and others).
•   Веб аналитика (Alexa, Compete, Google Analytics, Quantcast, and others).

Следи пример на контролна табла креирана со користење на MailChimp, Google Analytics, Facebook, LinkedIn, and Twitter.



Корисниците може да создаваат контролни табли поврзани со различен тип на податоци, како социјални медиуми, продажба, веб аналитика и маркетинг.

Cyfe нуди бесплатен план, но тој е ограничен за користење на максимум пет додатоци. Премиум планот чини 19 долари од месец и ги обезбедува корисниците со неограничена контролна табла и додатоци.

Дополнително, премиум планот нуди опција за преглед на резултатите на TV, што значи дека автоматски оваа алатка се служи и за монитори со големи екрани.

5. Sprout Social - алатка за следење на социјалните медиуми во вистинско време

Генерално сметана за апликација за постирање, оваа алатка нуди аналитичка контролна табла која е дизајнирана со цел да ги следи активностите на социјалните медиуми во вистинското време.



Корисниците имаат можност да ги гледаат јавните демографски податоци, активностите низ сите социјални профили, неодамнешните следбеници, како и статистики на уникатни посети, импресии од страната и интеракции.

Извештаите ги покриваат активностите на Facebook и Twitter, испратените пораки за Facebook, Twitter, и Google+, како и споредбите помеѓу конкурентите.

Цената на Sprout Social започнува од 39 долари од месец и по корисник.

6. SumAll - алатка за е-трговија и откривање измами при плаќање

Најдобриот начин да се опише SumAll, која е втора апликација што ја поддржува електронската трговија на оваа листа, е зборот “robust”, што во нашиот јазик би значело силен, одлучен, цврст. Оваа алатка не само што интегрира платформи за е-трговија, туку и открива голем број на “бегства” при плаќање.

Следи комплетната листа.

Shopping Carts
•   Amazon
•   Bigcommerce
•   eBay
•   Shopify

Payment Gateways
•   Amazon Payments
•   Authorize.Net
•   PayPal
•   Simplify Commerce
•   Stripe

SumAll исто така обезбедува податоци од голем број социјални мрежи, email услуги, блогови, SEO алатки и веб аналитики.



Податоците од различни извори може да се комбинираат за да обезбедат детална, јасна слика за ефектот кој го предизвикуваат социјалните медиуми со тоа што ги пренасочуваат “допаѓањата” и следбениците во трговски метеж и продажба.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен