јавете се за бесплатна консултација: 02/3224-711 
E-мaил подршка: biznis@tc.mk -  skype: trgovskicentar

10 интересни инфографици за водење на вашиот маркетинг план во 2014

Објавено на од

Во последно време, инфографиците стануваат се повеќе популарни и користени. Тие се забавни на изглед, а сепак содржат голем број на важни и сериозни информации кои лесно и брзо може да се забележат и протумачат. Важно е да се напомене дека тие се статични - за разлика од блоговите, тие ретко се поправаат и подобруваат со појавувањето на нови информации.

За одличен старт на вашиот маркетинг план за 2014 година, погледнете ја листата на 10 најинтересни инфографици кои се состојат од корисни статистики, информации и совети за online маркетинг.


1. 20 освојувачки маркетинг статистики за 2014

Овој инфографик направен од WebDAM ги истражува и прикажува идните трендови и промени кои треба да се очекуваат. Една од повеќето статистики која е навистина изненадувачка е статистиката за развојот на интернет адвертајзингот, а зборува за тоа како до 2015, оваа алатка ќе зафати скоро 25% од целиот пазар.

2. Еmail Cheatsheet

Email маркетинг инфографикот од Marketo содржи неколку навистина интересни статистики, а една од нив е и статистиката за тоа како времето на испраќање на email влијае на стапката на отворање. Интересен е податокот што укажува на тоа дека 75% од сопствениците на smartphone велат дека често ги бришат мејловите кои не можат да ги прочитаат на својот телефон.

3. Како да ја зголемите конверзијата на LinkedIn до 386%

Овој инфографик од Quick Sprout нуди неколку корисни совети кои ќе ви помогнат подобро да се инволвирате во користењето на LinkedIn. Се состои од повеќе потребни статистики како податокот дека постирањето наутро за време на викендот ќе ви помогне да го проширите досегот на вашата порака.

 


4. Tumblr бројки: Брзиот раст на социјалното блогирање

Во случај да сте помислиле дека социјалното блогирање изумира, погледнете го овој инфографик на Mashable кој ќе ви ја расчисти дилемата. Интересен податок кој може да се најде во склоп на овој инфографик е дека базата на корисници на Tumblr, според демографските податоци, еднакво се состои од машки и женски корисници.


5. Животниот циклус на една веб страна од StumbleUpon

Column Five Media е креатор на овој инфографик кој детално го објаснува животниот циклус на една веб страна и содржи повеќе интересни статистички податоци. На пример: 51 страна се додава на StumbleUpon секоја минута.


6. Апсурдно исцрпниот шематски план за димензии на социјални медиуми

Овој инфографик на Tent Social  е практичен и одличен за водење на содржината на социјалните медими. Се состои од детални податоци за димензиите кои се препорачани (или потребни) за фотографии и видеа кои се поставуваат на социјалните медиуми. Овој инфографик постојано се подобрува, па затоа е одличен да се користи како упатство.


7. Geosocial Universe 3.0

За Geosocial од ден на ден се помалку се зборува, но сепак претставува важен дел од тоа како ги користиме социјални медиуми – конкретно на нашите мобилни телефони. Инфографикот направен од JESS3 го истражува “социјалниот универзум” и испитува кои услуги се популарни и во развој и процентот на нивните корисници кои ја користат услугата преку својот мобилен телефон.


8. Кратенки за социјални медиуми

Уште еден практичен инфографик, овој пат од тимот на Quintly. Може да се пронајдат корисни кратенки кои ќе го заштедат вашето време, а се користат за Facebook, Twitter, Youtube иGoogle+.


9. Блогерски статистики

Неколку интересни статистики за тоа како блогосферата функционира и уште поинтересно, колкав профит генерираат најголемите блогови секоја година. Еве неколку совети како да го подобрите вашиот блог.


10. 25 неверојатни содржински маркетинг алатки за 2014

Во склоп на овој инфографик може да се пронајдат одлични маркетинг алатки кои ќе ви помогнат во подобрување на вашиот бизнис во 2014 година.

comments powered by Disqus
Зачлени се за бесплатен билтен