Категории
cart

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика на приватност ги опишува видовите на лични податоци кои се зачувуваат во Трговски центар и начинот на кој собраните лични информации се користат.

Оваа Политика на приватност се однесува само на веб страната на Трговски центар, www.tc.mk и на сите поддомени. Доколку преку нашата веб страна е обезбеден линк до други веб страни ве информираме дека ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Со самиот пристап и регистрација како Купувач на веб страната на www.tc.mk изјавувате дека сте запознаени и сте согласни со содржината на нашата Политика на приватност.


Прибирање на личните податоци

Собирањето на личните податоци се врши во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

Ние вршиме собирање на личните податоци само доколку се регистрирате како Купувач на нашата веб страна и ги прибираме само оние информации кои ни се доставени од ваша страна.


Информации кои ги собираме

Во информациите кои ги собираме спаѓаат: Име и презиме, Е-маил адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.

Ние не собираме никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка.

Вашата трансакција ќе биде процесуирана преку порталот за наплата од кредитни картички на Стопанска банка. Порталот користи најнова технологија за заштита на вашите податоци кој овозможува бројот на вашата картичка да се испраќа директно до банката преку сигурна конекција.


Користење на личните податоци

Ние ги користиме вашите лични податоци во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

Ние ќе ги користиме вашите лични податоци единствено за да ви овозможиме пристап до веб продавниците, за да се исполни и процесира вашата нарачка, за да ве информираме за нови производи и услуги кои ги нудиме и за наши маркетиншки цели.

Ние нема да ги објавиваме, продаваме или правиме достапни на трета страна вашите лични податоци освен на надлежните државни органи на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на Република Македонија.


Чување на личните податоци

Вашите личните податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.


Сигурност на вашиот профил

Вашето корисничко име и лозинка се основната заштита на вашиот профил.
Вашето корисничко име и лозинка се единствени и не треба да ги откривате на трети лица.
При креирање на Вашата лозинка ви препорачуваме да користите комбинација од броеви, букви и специјални знаци.
Доколку Вашата лозинка е компромитирана или се сомневате во злоупотреба ви препорачуваме веднаш да не известите и да извршите промена на лозинката.


Cookies

Оваа веб страница може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на Нашата веб страна со што се овозможува побрз пристап. Преку Cookies не се прибираат лични податоци.


Малолетни лица

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели.
Ние нема намерно да прибираме или користиме лични податоци од малолетни лица.


Сигурност

Ние ги превземаме сите потребни мерки за заштита на вашите личните податоци со што ги минимизираме ризиците од спречување неовластен пристап и злоупотреба.
Оваа Политика на приватност стапува на сила од Ноември 2009 година.
Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.tc.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.
За сите прашања во врска со оваа Политика за заштита на лични податоци можете да се обратите на Трговски центар преку формата за контакт или преку телефонската линија за поддршка.

Претплати се на нашиот Е-билтен

Добивај ги новостите и попустите на e-mail