Категории
cart

Во Трговски центар задоволството на купувачот е на прво место!



Почитувани посетители,

Како дел од мисијата за обезбедување на континуирано задоволство на нашите посетители, Трговски центар спроведува неколку методи кои гарантираат позитивен исход во корист на чесниот купувач.
За пријавување на неиспорачување на производ или испорачан производ кој значително се разликува од опишаниот, Трговски центар на корисниците им препорачува чекори по овој редослед:

1. Директен контакт со продавницата

Најпрво ги охрабруваме купувачите за сите прашања во врска со производите, испораката, рекламации и гаранции, директно да ја контактираат конкретната продавница. Контакт информациите се видливо прикажани на страните од продавниците во главното мени на вебсајтот.

Притоа купувачите ги имаат сите права пропишани од Законот за заштита на потрошувачите.

 

2. Систем за рекламации

За дополнително осигурување на задоволството на купувачите, Трговски центар го регулира односот помеѓу купувачите и трговците со специјален систем за рекламации.
Доколку директниот контакт со продавницата не го даде посакуваниот резултат, на располагање го имате системот за рекламации, каде ќе можете официјално да го пријавите проблемот.
Притоа решението на рекламацијата ќе се темели на соодветна документација (сметка, е-маил за нарачка, слики, потврда за прием и слично). Трговски центар го контролира целиот процес и овозможува фер исход. Кликнете ТУКА за да пријавите рекламација.

Купувачот може да отвори официјална рекламација преку системот на Трговски центар, во рок од 5 дена од испорачувањето на производот. Доколку Купувачот се реши да го искористи ова право, се откажува од било кој друг начин на решавање на рекламацијата, и комплетната надлежност за арбитража му ја префрла на системот на Трговски центар.

Трговецот е должен да ја реши рекламацијата во рок од 5(пет) дена од поднесувањето. Доколку не ја процесира во тој рок, рекламацијата автоматски ќе биде решена со враќање на парите на Купувачот. Притоа Купувачот е должен на свој трошок да го врати производот. При враќањето на парите кон Купувачот се враќа сумата на прозводот, додека сумата за испорака е неповратна.

 

3. Контакт со Трговски центар

За секакви понатамошни прашања и проблеми, можете директно да го контактирате Трговски центар.

Искрено ваш,
Трговски центар

Претплати се на нашиот Е-билтен

Добивај ги новостите и попустите на e-mail