Категории
cart

Често поставувани прашања

                  Често поставувани прашања

 

 

 

 

Купување

 

  Продавање

 

1. Што претставува Трговски центар?

 

2. Како можам да купувам од Трговски центар?

 

3. Дали може да се испорача подарок?

 

4. Каде да се пожалам доколку имам проблеми со испораката?

5. За колку време ќе биде испорачан производот и дали ќе морам да платам за тоа?
 

6. Дали се врши испорака надвор од границите на Македонија?

 

7.  Дали смеам во кошничката да имам производи од повеќе различни продавници?


8. Дали Трговски центар е безбеден?

 

9.  Дали ќе се почитува приватноста на моите податоци?
 

10.  Дали се врши замена на производ доколку е оштетен?


11. Што е Желботека?


12. Како може да си отворам желботека?

   

1. Како да отворам нова продавница?

 

 

2. Кој може да отвори продавница?

 

3. Какви видови на понуди за продавници има Трговски центар?

  

4. Кои се ризични а кои се неризични продавници?

 

5. Каква продавница ке добијам на Трговски центар?

 

6. Какви видови на производи може да продавам?

 

7. Колку производи може да подржи Трговски центар?

8. Дали треба да имам своја веб страна?

 

 

Купување

 

1.Што претставува Трговски центар?

Трговски центар е единствен систем за Интернет трговија во Република Македонија кој истовремено и на купувачите и трговците им нуди едноставна интеграција во модерното живеење.

 Најгоре^

 

2.Како можам да купувам од Трговски центар?

Многу едноставно. Неопходни Ви се само кредитните или дебитни картички на Виза и Мастеркард, за потоа да се зачлените во Трговски центар. Со корисничкото име и лозинка вашиот шопинг може да почне

Најгоре^


3.Дали може да се испорача подарок?

Секако дека може. Нашиот систем ви нуди селекција на украсни ќеси и кутии во кои може да се спакува одбраниот продукт, доколу за истиот продавницата ја одобрила опцијата "Пакување".

Најгоре^


4. Каде да се пожалам доколку имам проблеми со испораката?

За поплаки во врска со нарачката најпрво треба да се обратите до продавницата од која е купен. Тоа можете да го направите преку објавените начини за контакт.
Доколку проблемот не се реши во рок од 5 дена по извршувањето на нарачката, Вие може да направите официјална рекламација на системот за рекламации на Трговски центар.

Најгоре^

5. За колку време ќе биде испорачан производот и дали ќе морам да платам за тоа?

Испораката се врши во зависност од нормативите за испорачување кои што ги дал трговецот или продавницата од која купувате. Секоја испорака е детално објаснета во продавницата од која купувате.

 Најгоре^

6. Дали се врши испорака надвор од границите на Македонија?

 Сеуште не се врши испорака надвор од границите на Македонија но нашиот тим работи на тоа поле.

 Најгоре^

 

7. Дали смеам во кошничката да имам производи од повеќе различни продавници?
 

Во кошничката смеете да имате производи од различни продавници.Со други зборови, дозволено Ви е да купувате во повеќе различни продавници пред да извршите наплата.

 

 Најгоре^

8. Дали Трговски центар е безбеден?

Трговски центар има вградено екстензивен систем на безбедност на повеќе нивоа. Тоа го прави Вашиот шопинг процес  целосно безбеден а Вас безгрижни.

 Најгоре^

 

9. Дали ќе се почитува приватноста на моите податоци?

 

 Вашите податоци се почиуваат максимално, тие се заштитени и видливи само за тимот кој што ја регулира сигурноста на Трговски центар.

 Најгоре^

 

10. Дали се врши замена на производ доколку е оштетен?

Во случај на поплака за производ, Трговски центар донесува одлука врз основа на докази кои може да ги побара и од продавницата и од купувачот (фотографии, документ за испорака и слично). Одлуката на Трговски центар е конечна, а може да биде комплетно рефундирање на платените пари или одбивање на неоснована рекламација.

 Најгоре^

11. Што е Желботека?

Желботека е апликација, каде можете да додавате производи кои ги сакате од продавниците на Трговски центар и споделувате со вашите пријатели преку Facebook. Истите можат да ги видат и да ви подарат нешто од нив по повод некоја ваша прослава. За подетално, кликнете тука
 

Најгоре^
 

12. Како може да ја користам мојата Желботека?

Како веќе регистриран корисник на ТЦ.мк, доволно е само да кликнете на Желботека, што се наоѓа во барот за пребарување и да се поврзете со Facebook и со вашиот профил. И можете да започнете со дадавање производи преку копчето "Додади во Желботека" што се наоѓа на страницата на секој производ.


 

Најгоре^



Продавање



1.Како да отворам нова продавница?

Кликнете на "Отвори продажно место" во футерот кое ќе ве донесе на страната за трговци http://ebiznis.tc.mk. Овде треба да се регистрирате преку формата Пробај бесплатно и потоа ќе ги внесете сите дополнителни информации. 
Најпрво ќе имате пристап до опцијата за бесплатен веб сајт. Откако ќе се запознаете со функциите и ќе ги согледате вашите потреби, изберете го потребниот пакет.
Потребно е и да се испратат по пошта неколку вообичаени документи за регистрација.

Откако успешно ќе ја регистрирате вашата компанија на Трговски центар ќе добиете пристап до администрацискиот дел за вашата компанија, но вашите продавници сеуште нема да се активни.


За да се активираат истите потребно е да ги испратите следните документи до Трговски центар:

-Тековна состојба од ЦРМ, или решение за регистрација, не постари од 6 месеци
-Комунални сметки за правното лице за последните 2 месеца
-Копија од лична карта
-Биланс на состојба или биланс на успех

на адреса: Трговски центар, Акота ИНГ 29 Ноември 17/2-5 1000 Скопје Македонија

По исполнување на овој чекор, доколку се е во ред со документите, вашата компанија и продавница ќе бидат активирани а со тоа  ќе бидат достапни и јавните страници на вашата продавница. На тој начин Вие започнувате со работа.

Најгоре^



2.Кој може да отвори продавница ?

Секое правно лице кое е регистрирано да врши соодветна дејност.

 Најгоре^

  

3.Какви видови на понуди за продавници има Трговски центар.

На Tрговски центар има два вида на продавници, Сандардни и Управувани. За подетални информации проследете го линкот.

Најгоре^

4.Кои се ризични, а кои се неризични компании?

 

Компанијата се оценува како РИЗИЧНА доколку содржи барем една од следните точки:

  1. Фирмата е непозната, без трговска репутација

  2. Основана пред помалку од една година или имала промет за минатата година помал од 100.000 евра

Во спротивен случај компанијата се класифицира како НЕРИЗИЧНА.

Најгоре^

 


5.Каква продавница ќе добијам на Трговски центар?

На Трговски центар добивате автономна брендирана продавница со комплетно решение.
Зa Вашата продавница ќе имате избор од повеќе темплејти на дизајн а ќе можете во изгледот да си го додадете и сопственото лого. Системот за управување со содржини е флексибилен и дизајниран

Најгоре^



6.Каков вид на производи може да продавам? 
 

Може да се нудат и продаваат секаков тип на легални услуги и производи.

Најгоре^


7.Колку производи може да подржува Трговски центар?

Трговски центар подржува број на производи во зависност од избраниот пакет од 100 (во TCshop Start) до 10.000 (во TC shop Mega) по продавница.

Најгоре^

8. Дали треба да имам своја веб страна?

Со самото отварање на продавница на Трговски центар, вие добивате своја веб страна, чиј домен може да биде www.mojaprodavnica.tc.mk или само www.mojaprodavnica.mk. 

Најгоре^

Претплати се на нашиот Е-билтен

Добивај ги новостите и попустите на e-mail