Категории
cart

Упатство за aфилијативна програма

Последна промена: 21.12.2012

Содржина

1. Започнување со афилијативен маркетинг

2. Афилијативен линк

3. Начини на промоција

  3.1 Социјални мрежи

  3.2 Оптимизација за интернет пребарувачи

  3.3 Блогови и сајтови

4. Што е афилијативен промотор

5.Што смеат а што не афилијативните промотори

6.Кориснички услови за афилијативна програма


 

1. Започнување со афилијативен маркетинг

Да станете дел од афилијативната мрежа на Трговски Центар е многу лесно. Потребно е само да направите профил, со тоа што ќе се регистрирате на следнава страна. Доколку сакате да започнете кариера како трговец, кликнете на следниов линк.

Откако ќе се регистрирате, најкасно до 24 часа ние ќе ви пратиме линк каде ќе може да се најавите на вашиот профил. Важно за напомена е дека ние ги прегледуваме апликациите и пред се гледаме на каков вебсајт ќе бидат поставени нашите блокови. Доколку сметаме дека содржината на вашиот медиум е спроти нашите барања, имаме право да ве известиме дека вашата апликација не е прифатена.

 

2. Афилијативен линк

Афилијативниот партнер не треба да се грижи за ништо околу линковите. Потребно е само да ги креира неговите блокови и да ги прикачи на неговата страна.

Најчесто поставувани прашања:

П: Каде треба да го поставам генерираниот код од блокот?

О: Кодот кој се генерира со креирањето на блокот со производи се прикачува на оној дел од страната зависно од неговите димензии. Во овој момент, активни се 5 димензии и тоа:

  • 728x90   - хоризонтален, погоден за заглавјето
  • 250x250 - квадрат, погоден за содржински дел и странични ленти
  • 300x250 - погоден за содржински дел и странични ленти
  • 160x600 - вертикален, погоден за странична лента со поголема ширина
  • 120x600 - вертикален, погоден за странична лента со помала ширина

Афилијативниот партнер треба да ги креира блоковите според структурата и димензиите на неговиот вебсајт.

П: Koја е цената за регистрација на афилијативната мрежа?

О: Бесплатно. Се што е потребно да бидете афилијативен партнер на Трговски Центар е да ја потполните апликацијата на следниов линк. Доколку немате вебсајт/блог може да отворите уште денес на нашата платформа. Кликнете на следниов  линк за повеќе информации.

П: Колку можам да заработам како афилијативен промотор?

О: Заработката директно влијае од афилијативниот промотор и неговиот вебсајт/блог/портал како ентитет на кој ги извршувате вашите промотивни активности. Истата е видилива за секој производ во вашиот профил. Заработката најмногу влијае од посетеноста ва вашиот блог и вашиот труд во промоција на производите. Маркетинг тактиката е исто така важен дел бидејќи денес најуспешни се оние компании или лица кои посветуваат посебно внимание на интернет маркетингот.

За да има повеќе посети и поголема продажба треба да користи:

  • Прегледи или страни со описи за производите
  • Оптимизација за интернет пребарувачи
  • Афилијативниот промотор треба да користи Facebook, Twitter, Google Plus, Youtube и други социјални мрежи за промоција
  • Потребно е преку сите можни достапни интернет канали да ги зголеми посетите на неговиот медиум на кој ќе се продаваат производи од Афилијативната мрежа
Следната точка објаснува подетално за начините на промоција и нивните предности и недостатоци.

 

3. Начини на промоција

Како афилијативен партнер на Трговски Центар, постојат повеќе различни начини да се промовираат производите со цел да се зголеми заработката. Ќе ги опишеме најефикасните.

 

3.1 Социјални мрежи

Популарноста на социјалните или друштвени мрежи кулуминираше во последните неколку години и тоа е една од причините поради која овие медиуми се можеби најдобриот начин да привлечете посетители на страната и да имате повеќе продажби.

На овие простори секако најпопуларен е Facebook, потоа Twitter а во постојан подем е Google Plus кој како продукт на најпрофитабилната светска организација Google несомнено ќе расте.

Главната предност на социјалните мрежи е тоа што тие се бесплатни за користење што не значи дека не постојат платени методи за бизнис цели.

Потоа содржината која се споделува, доколку е квалитетна или интересна може да се прошири вирално и да генерира многу посети на вашата страна.

Исто така постојат и платени огласувања на Facebook како начин преку кој може да ја таргетирате вистинската публика за вашата содржина и производи.

Платеното огласување е евтино а може да добиете многу доколку успеете добро да ги таргетирате рекламите.

Предности: Бесплатни, лесни за користење, имаат потенцијал на вирално ширење на содржината, повеќе од 90% од интернет корисниците ги користат.

Недостатоци: Зависно од пазарот може да постои и голема конкуренција, на многу луѓе на социјалните мрежи не им се допаѓа маркетингот.

 

3.2 Оптимизација за интернет пребарувачи

Оптимизацијата за пребарувачи (SEO или Search Engine Optimization) е процесот на рангирање на веб страна, блог или било каква страна во пребарувачите (главно Google) за одредена фраза или клучен збор. Знаејќи го фактот дека страните кои се рангираат на првите позиции или првата срана добиваат најмногу сообраќај за зборот за кои се рангирани, целта на SEO-то е токму тоа: да донесете што повеќе таргетиран сообраќај на вашата страна преку пребарувачите.

Предности: Може да се работи бесплатно, на долги стази е исплатливо, таргетиран сообраќај.

Недостатоци: Побарува одредени предзнаења, алгоритмите на пребарувачите често се менуваат и резултатите можат да бидат неконзистентни.

 

3.3 Блогови и сајтови

Блоговите и сајтовите се одлична опција за афилијативните партнери. Трошоците за ова се минимални (хостинг и домен) а доколку користите само-хостирани блогови како Blogger, Weebly, Wordpress.org и многу други, се потполно бесплатни со опција да си купите ваш домен.

Денеска платформите за блогирање се толку флексибилни што може било кој па дури и личности со минимално познавање на интернет апликации, да отворат свој сопствен блог и да  пишуваат блог постови.

Откако ќе креирате свој блог или вебсајт, пронајдете маркет околу кој ќе пишувате и почнете.

Најефикасно би било доколку се определите да пишувате за нешто што го сакате, имате пасија или пројавувате интерест.

На пример доколку сакате кучиња, опфатете ја таа тема целосно. вклучете категории како грижа за кучиња, тренинг за кучиња, однесување на кучиња и почнете да пишувате на тие теми. Потоа кога ќе почне да доаѓа сообраќај на страната, ќе вклучите нова категорија на блогот - производи за кучиња и овде ќе напавете спој со афилијативните производи од мрежата за кои ќе пишувате и добивате профизија кога некој ќе изврши нарачка од вашиот линк.

Бројот на статии на страната и бројот на интернет корисници кои ја посетуваат вашата страна е правопропорционален. Блоговите и ниче сајтовите се перфектни ентитети за генерирање на многу продажби.

Предности: Ефтин или потполно бесплатен начин да промовирате производи, доколку сте креативни или имате помош од веб дизајнер може да освоите голема публика, интеграција на блогот со социјални мрежи.

Недостатоци: Времето е неодминлив фактор, може да бидат потребни неколку месеци да ги почуствувате првите придобивки т.е. да генерирате интернет сообраќај а со тоа и продажби.

 

4. Што е афилијативен промотор?

Афилијативен промотор е некој кој промовира производи или сервиси на потенцијални купувачи во замена за провизија која ја добива кога ќе се изврши нарачка. На пример да речеме дека Филип има блог.Тој се регистрира на афилијативната мрежа и почнува со креирање на неговиот блок со производи. Откако ќе креира блок, го додава на неговиот блог. Доколку некој посетител на неговата страна кликне на производот и потоа нарача, Филип ќе добие провизија за пренасочениот купувач дефинирана од страна на трговецот.

Да се биде афилијативен промотор е бесплатно, и потребни се само неколку минути за да се заврши процесот на регистрација. Најдоброто е тоа што Филип може да промовира неограничен број на продукти, без ограничување.

Најчесто поставувани прашања:

П: Кој може да биде афилијативен промотор?

О: Афилијативен промотор може да биде безусловно секој, но мора да има во предвид дека за да промовира производи од афилијативната мрежа на Трговски Центар, потребно е да поседува вебсајт или блог т.е. интернет канал на кој ќе може да ги додаде блоковите со проиводи.

П: Колку можам да заработам како афилијативен промотор?

О: Заработката директно влијае од вас како афилијативен промотор и вашиот вебсајт/блог/портал како ентитет на кој ги извршувате вашите промотивни активности. Истата е видилива за секој производ во вашиот профил. Заработката најмногу влијае од посетеноста ва вашиот блог и вашиот труд во промоција на производите. Маркетинг тактиката е исто така важен дел бидејќи денес најуспешни се оние компании или лица кои посветуваат посебно внимание на интернет маркетингот.

За да имате повеќе посети и повеќе продажба користете:

  • Прегледи или страни со описи за производите
  • Оптимизација за интернет пребарувачи
  • Користете Facebook, Twitter, Google Plus, Youtube и други социјални мрежи за промоција
  • Обидете се преку некои од претходните или платени методи да придобиете што повеќе таргетирани корисници
 
 

 5. Што смеат, а што не афилијативните промотори?

Дозволено е

- Дозволено е да промовираат производи од категорија за која пројавуаат интерест или производи релевантни на содржината на нивниот блог/вебсајт/портал. На тој начин можат да се генерираат најмногу продажба, бидејќи производот е таргетиран за содржината на вебсајтот.

- Да ја искористи флексибилноста во креирањето на блокови (рамки, позадини, детали) за истите да се совпаѓаат со дизајнот на страната

Не е дозволено 

Спам - Постојат многу причини поради кои Трговски Центар забранува користење на спам техники со злоупотреба на производите од мрежата. Ние го го разбираме спамот како многу сериозна работа и секој афилијативен промотор кој го прекршува ова правило ќе биде исклучен од мрежата.

Користење на негативни рекламни кампањи - Доколку афилијативниот промотор користи реклами за производите во негативен контекст, истите можат негативно да се одразат на купувачите и да настане лоша репутација на нашиот бренд. Секоја промоција во стилот "Дали продуктот X е измама" а потоа објаснувате за доблестите на производот, нема да биде прифатена од наша страна.

 

6. Кориснички услови за афилијативна програма

Трговски Центар е агрегатор на интернет продавници каде се продаваат физички производи на илјадници клиенти на годишно ниво. Најновиот сервис кој ги опслужува трговците е афилијативен систем или афилијативна мрежа. Како и останатите афилијативни мрежи, и Трговски Центар има афилијативни промотори кои ги промовираат и продаваат производите на трговците. Овој документ се однесува на начинот на кој Трговски Центар преку афилијативната мрежа ги собира, користи и одржува податоците на партнерите како и нивната заштита.

Трговец и Афилијативен промотор

Трговците и афилијативните партнери во склоп на афилијативната мрежа се зависни целини. Трговецот е личност која има веб продавница на tc.mk преку која ги продава своите производи на интернет корисниците. Афилијативниот промотор е сопственик на вебсајт, портал или блог и промовира производи од мрежата на неговиот интернет медиум.

Регистрација

Секој интернет корисник без разлика дали е правно или физичко лице, може да се регистрира на афилијативната мрежа на Трговски Центар. Ние го задржуваме правото да го деактивираме секој корисник кој ќе оцениме дека дејствува спротивно на условите за користење или чија работа доведува до ризик од штета за нас или било које трето лице.

Политика на трансакциска провизија

Трговски Центар нема никаква улога во доделувањето на провизија на продуктите. Истата ја одредуваат трговците за нивните производи. Секој трговец има можност да внесе афилијативна провизија за неговите производи. Откако ќе внесе провизија за одреден производ, во истиот момент тој станува активен во афилијативниот систем и афилијативните промотори може да го промовираат. Афилијативниот промотор добива провизија согласно со одредбите на трговецот за неговите производи, за секоја продажба на производ преку линк на неговиот медиум. Постојат два вида на трансакциска провизија: цела и половична. Доколку корисникот кликне на некој производ од блокот со производи и притоа го купи истиот тој производ, афилијативниот промотори добива цела провизија. Ова е случај на директна нарачка. Доколку корисникот кликне на некој производ од блокот а потоа нарача друг продукт, афилијативниот промотор добива половична комисија доколку има дефинирано за производот што го купил. Ова е случај на индиректна нарачка. Афилијативниот промотор добива комисија (цела или половина) во рок од 48 часа доколку корисникот во тој период купи некој производ и притоа последна страна од каде се пренасочил на страната со производот е онаа на афилијативниот промотор.

Рок и начин на исплата на провизијата

Афилијативниот промотор во неговиот профил одредува минимална сума за исплата на неговата трансакциска сметка. На пример ако внесе 1000 ден. тогаш се додека неговата збирна провизија не достигне 1000 денари, нема да се изврши исплата на неговата сметка.

Податоци кои ги собираме

Ние собираме одредени податоци со цел да овозможиме правилно и непречено работење на нашите партнери. Податоците кои ги собираме од нашите афилијативни промотори, се дадени доброволно со нивна согласност при регистрација на системот.

Како ги користиме корисничките податоци?

Можеме да ги користиме податоците на следниве начини:

  • Да ве регистрираме како клиент и да ви отвориме профил на мрежата
  • Да ви испраќаме е-маил за нови производи, особености на системот или сервиси
  • Да извршеме акција за која вие давате специфични информации (на пр. да ви ги исплатиме приходите на вашата трансакциска сметка)

Освен за потребите на афилијативната мрежа, ние нема експлицитно да ги користиме вашите податоци или да бидат споделени со некој друг ентитет надвор од Трговски Центар за било какви цели.

Колачиња (Cookies)

Ние дефинираме колачиња како низа од податоци кои автоматски се зачувуваат на вашиот компјутер со користењето на нашиот онлајн сервис. Трговски Центар вклучува колачиња за да додели привремени идентификациони броеви на купувачите. Таа информација подоцна ни овозможува да спречиме напади на нашиот систем, да откриеме и спречиме нелегални трансакции и ни помагаат да ја најдеме врската помеѓу купениот производ и нашите афилијативни промотори. Сите колачиња на Трговски Центар се: 1) Лимитирани во траење 2) Помали од 5KB 3) Видливи само за сереверот на Трговски Центар 4) Ослободени од собирање на било какви лични информации

Безбедност

Кога корисникот внесува сензитивни информации како кредитна картичка или е-маил адреса во формите за потполнување, ние ја криптираме таа информација користејќи SSL. Трговски Центар ги следи светските стандарди за заштита на личните податоци од корисниците кои ги добива,

Промена на корисничките услови за афилијативна мрежа

Ако решиме да ги промениме корисничките услови за користењето на афилијативната мрежа, ќе направиме промена на оваа страна во датата под насловот. Ние го задржуваме правото да ги менуваме правилата во секое време, и затоа повремено посетувајте ја оваа страна. Ако направиме било каква промена, ќе ве исвестиме по е-маил и на почетната страна на вашиот профил. Согласност со условите Со користење на афилијативниот систем вие ги прифаќате условите. Повремено прегледувајте ја оваа страна за да видите дали има промени во условите Ако имате било какво прашање, коментар или загриженост за корисничките услови за афилијативната мрежа, можете да ги искористите следниве средства за да не контактирате:

Тел: 02/3224784

Skype: @trgovskicentar

E-маил: biznis@tc.mk

Адреса: Интернет трговија ДООЕЛ, ул. „Орце Николов“ бр.68, 1000 Скопје, Македонија

 

Претплати се на нашиот Е-билтен

Добивај ги новостите и попустите на e-mail